Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски и Заев ист ден на суд: Рочишта за Шамарите во Центар и Поткуп

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2017 08:50

Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска во исто време ќе бидат во кривичниот суд, на рочишта за предметите Поткуп и Насилствата во општина Центар.

Нарачаните шамари за Жерновски

Груевски треба да се појави во суд за обвиненијата за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, покрај Груевски, обвинети се уште 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

Претходното рочиште на 28 септември беше одложено поради отсуство на двајца обвинети.

Обвинителката Фатиме Фетаи тогаш предупреди дека и по година и два месеци главната расправа не почнува и дека предметот ќе ни застари.

Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски побара да се суди секој ден.

Насилствата во општина Центар се случија во 2013 година кога група граѓани се собраа пред општината за да ја „одбранат“ изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. За овој случај беа објавени и прислушувани разговори во кои се слушаше како тогашниот премиер Груевски, нарачува шамари за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

За случајот со нарачаните шлаканици, СЈО поднесе обвинителен предлог на 15 септември минатата година.

Во меѓувреме, Апелација донесе одлука да ја уважи жалбата на Специјалното јавното обвинителство и прифати „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата да можат да бидат доказен материјал за предметот поврзан со насилството во општина Центар.

Основниот суд Скопје 1 ги отфрли во декември 2016 година.

Во „бомбите“ што ги објавуваше премиерот Зоран Заев, како лидер на опозицијата, објавен беше разговор во кој тогашниот премиер Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Поткуп за градежно земјиште

Заев во „Поткуп“, пак, е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Претходното рочиште, на 27 септември, беше одложено поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Судот воедно го одби барањето на одбраната снимките кои се доказ во постапката, а кои беа објавени на Јутјуб да не се користат во предметот. Решението дека овие снимки ќе бидат доказ во постапката им беше врачено на обвинетиот Заев и на неговите адвокати. Адвокатот Филип Медарски најави жалба на ова решение.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Груевски Заев Насилствата во Центар поткуп судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.