Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Нема да ги признаеме резултатите ако се прегласува

2
By Нова ТВ on December 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 17, 2016 18:15

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање пред демонстрантите на ДИК, рече дека нема да учествуваат во потенцијално прегласување, бидејќи независните членови на ДИК не биле самостојни туку биле под притисок на странски претставници.

– ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел вршење влијание, а во правец на фалсификување на изборната волја на граѓаните. Некои од независните претставници не се независни. Незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд и повикуваме да не се врши никаков притисок на Управниот суд од никого, порача Груевски.

Тој потенцираше дека доколку Управен подлегнел на влијанија и ги потврди, како што вели тој, незаконските олдуки и се одземе победата на ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема да учествува во прогласувањето и нема да ги признае резултатите.

Додека присутните извикуваа „Никола Никола Никола“, Груевски рече дека немало да дозволи „аболицираниот криминалец Зоран Заев да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија“.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја и кои го немаат легитимитетот на граѓаните. Државата мора суверено да ги носи одлуките. Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат, мора да престанат да го прават тоа, порача Груевски.

– ВМРО нема да дозволи понатамошно мешање во внатрешно-политичките прашања на земјата и бараме да останат во рамките на своите мандати и овластувања како дипломати, рече Груевски, кој порача дека го напуштаат форматот на преговори со амбасадори на други држави.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ исто така порача дека партијата во иднина нема да прифаќа, како што ги нарече, хибридни решенија, доколку ги нема во другите земји.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати и нема да дозволи кантонизација и редифинирање на државата под било какви услови и околности. Ќе се бориме за „десоросоизација“ на Македонија и јакнење на граѓанскиот сектор, кој нема да биде под ничија контрола, рече Груевски меѓу другото.

Тој повтори дека неговата партија е прозападно ориентирана и сака членство во ЕУ и НАТО и стратешки односи со САД, но дека денешниот  проглас  за да се заштитела демократијата во Република Македонија.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Дик Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.