Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Предупредувам – може да дојде до тоа да немаме држава

1
By Нова ТВ on March 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 19, 2017 20:02

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во денешното гостување на дневникот на „Канал 5“ повторно го повика народот да си ја одбрани државата. Груевски предупреди дека можно е Македонија повеќе да не постои.

„Потребно е народот да си ја одбрани својата држава, зошто државата може да ја нема. Да не излезе дека не сум кажал еве ќе повторам, ако народот не си ја одбрани државата, може да ја нема. Сите оние што мислат дека сега ќе ги остават да си направат влада, па да реагираат кога ќе дојде законот за јазиците на дневен ред, тогаш да реагираат, може да им биде доцна. Предупредувам:Може да дојде до тоа да немаме држава. Откако ќе направат влада, може да се тргне во правец на перење мозок на граѓаните. Народот да стане аморфна маса, а не народ со национална свест. ВМРО не може само да ја одбрани државата, тоа може само народот“, рече Груевски.

На прашањето на новинарката, зошто лидерот на СДСМ, Зоран Заев го прави тоа, Груевски одговори „за да се спаси од сите криминали кои ги има направено“.

„Тој е длабоко заглавен во криминал со многу конкретни случаи. На пример, случајот „Поткуп“ е јасен и конкретен. Тука е и случајот „Цареви кули“. Вакви случаи има еден куп, последен е оној за изборни нерегуларности. Тој сака да се заборави неговата одговорност за овие случаи, за сите криминали, корупции и мито. Заев не знае што со себе да прави, не знае што го чека, односно знае. Знае што се случува во секоја нормална држава во ваква ситуација, ќе оди во затвор. Он си ја пази неговата иднина за постапките што ги направил. По секоја цена, одејќи директно против волјата на народот. Сака да го спречи тоа што му следува“, рече Груевски.

Одговарајќи на прашањето на новинарката, што ќе се случува ако не биде испочитувана волјата на народот и дали може да се контролира таа огромна маса, Груевски рече дека партијата ќе делува само според закон и деловник, но никој не може да знае и да предвиди што ќе прави народот.

„Нека му ја мисли оној што оди против народот. Никој не може да знае како народот ќе реагира на ова што го прави Заев“, одговори Груевски.

Лидерот на партијата, го повтори ставот на ВМРО-ДППМНЕ  дека решението за излез од оваа криза се брзи предвремени избори кои ќе се одржат заедно со локалните и дека ако СДСМ не сака да го прифати ова, ВМРО-ДПМНЕ ги нуди своите пратеници да гласаат за законите и владата на Заев.

„Се уште важи понудата да му ги дадеме нашите пратеници. Нека продолжи со неговото СЈО, нека не апси, што сака нека прави. Нека удри по нас, но државата нека ја остави“, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на Специјалното јавно обвинителство и рече дека СЈО намерно сака да го влечка раководството на партијата по судови со цел да не може да ја одбрани државата.

За случајот „Труст“ на СЈО,  во кој сопственикот на телевизијата Нова се сомничи дека со фалсификувани документи добил тендер во вредност од 17 милиони евра, Груевски рече дека СЈО и Заев сакаат да ја загушат медиумската слобода и сакаат да се загуши ВМРО-ДПМНЕ за да се влечкаат по судови, а не да ја бранат државата.

Тој додаде дека неговата партија изработува документ кој ќе понуди излез од политичката криза. Како што најави Груевски, овој документ, во текот на идната недела ќе им биде понуден на сите поголеми политички партии и ќе понуди излез од политичката криза, но и задржување на унитарноста на државата.

Груевски рече дека очекуваат еврокомесарот за проширување и соседска политика да ја осуди платформата договорена во Тирана и да го осуди мешањето на други држави во нашата.

Гостувањето заврши со прашањето, „Како е да се биде Никола Груевски во изминатиов период, на што тој одговори со еврејска поговорка дека е доблесно да живееш во историско време.

Зоран Заев Никола Груевски Платформа СЈО тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.