Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски со делегација на средба со Конзервативците во Британија

0
By Нова ТВ on October 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, придружуван во партиската делегација со членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев во седиштето на Кознервативната Партија на Велика Британија во Лондон остварија средба со претседателот на владејачката Конзервативна партија, Патрик Меклоглин и потпретседателот на Конзервативната партија Марк Филд.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека на средбата се разговарало за повеќе теми и области врзани со стратешките интереси на Македонија за членство во НАТО, мигрантската криза како и аспектите на политичката криза, како што велат од партијата на Груевски, наметната од опозицијата.

– Претседателот Груевски посочи дека државата е силно фокусирана кон зајакнување на економијата и подигнување на стандардот на граѓаните што е суштински важно за целокупниот развој на Република Македонија. На тој план Велика Британија е важен трговски партнер на Македонија и постојат огромни потенцијали што треба да се искористат и ќе придонесат за дополнително интензивирање на меѓусебните економски релации, истакнал Груевски, кој додал дека и покрај штетното влијание од политичката криза, државата успеала да постигне позитивни економски резултати за што сведочел и последниот извештај на Светска Банка – Дуинг бизнис.

Партијата дополнува дека во поглед на политичката криза, која потенцираат, наметната од опозицијата, Груевски истакнал дека е потребно да се стави крај, а изборите биле неопходни, при што граѓаните ќе имаат можност да одлучат за иднината на демократски и фер избори.

Соговорниците се осврнале и на мигрантската криза при што била потенцирана важноста на улогата  која Македонија ја има во справувањето со овој предизвик, како и на потенцијалите за соработка на партиско ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија.

Филд ја изразил поддршката на Конзервативната партија од Велика Британија за ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија може да се гордее со големиот успех и напредокот на економијата, и како што знаете компании како Џонсон Мети и останатите британски компании се голем работодавач во државата, што значи дека стекнале доверба во Македонија. Велика Британија не го остава светот ниту Европа зад себе, и јас се заложувам и сум уверен дека економските односи со Македонија и државите од Балканот се повеќе ќе се зацврстуваат во годините што следат, изјавил потпретседателот на британската Конзервативна партија.

Лидерот на владејачката партија остварил средба и со лордот Тим Босвел кој воедно е и претседател на највлијателниот комитет за европски прашања под кој се наоѓаат седум други подкомитети.

foto-gruevski-bosvel

На средбата лордот Босвел ја афирмирал поддршката за Македонија во поглед на остварување на стратешките интереси на државата и напредокот кој се остварува во поглед на економијата, реформите во повеќе сфери и области кои се важни за граѓаните, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Велика Британија ВМРО-ДПМНЕ избори Конзервативна партија Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.