Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски со „Титаник“ ќе ја сефтоса новата барокна зграда на Кривичен

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 30, 2018 15:54

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ и уште 20 обвинети во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство први ќе ја сефтосаат новата заграда на Основниот суд Скопје 1.

Свеченото отворање на новата зграда е закажано за утре, по повод Денот на правосудството, а веќе в понеделник во големата судници треба да се одржи првото рочиште за „Титаник“.

Камен-темелникот на новата барокна зграда на судот беше поставен во 2010 година, а на свеченоста присуствуваа Груевски, како премиер и тогашниот министер за правда, Михајло Маневски.

Инаку, „Титаник“ е првиот случај за кој СЈО поведе истрага во февруари 2016 година, а воедно е и најобемниот предмет, во кој покрај Груевски првообвинети се и екс министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, пратеникот Илија Димовски, поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер и екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Во овој предмет обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодорвски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Обвинета е и поранешната заменичка на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски.

Обвинетите се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

„Титаник“ Груевски Кривичен суд нова зграда судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.