Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски утрово бил во Судот, но заминал пред пресудата за „Тенк“

1
By Нова ТВ on May 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 40 граѓани протестираа пред Судот во Скопје, каде што денеска беше изречена пресудата за случајот „Тенк“. Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор, а Ѓоко Поповски помошникот министер во МВР на 6 и пол години. Ова е прва пресуда против Груевски за случаите кои ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Демонстрантите пред Судот извикуваа „Уа СЈО“ и „Слобода за Груевски“. Меѓу пристните беа и поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и на Аердром Ивица Конески, како и Александар Пандов член на ВМРО ДПМНЕ. Но по изрекувањето на пресудата тие не беа пред Судот. За време на протестот на познатиот и верен поддржувач на Груевски и Мијалков, Бате Геле му се слоши, за кратко време беше освестен но сепак мораше да интервенира и Брзата помош.

Протестот на насобраните го обезбедуваше полицијата. Демонстрантите во еден момент се обидоа да ја урнат и оградата , но не успеаја во тоа. Според нив, Груевски бил еден од најчесните луѓе, а Судот го направил „арамија“.

Груевски не присуствуваше на изрекувањето на пресудата за набавката на луксузниот мерцедес. Но, според информации на НОВА ТВ, тој утринава се појавил во Судот каде што се одржуваше продолжението за случајот „Траекторија“. Овој судски процес траеше кратко па беше одложен по барање на адвокатите на Груевски, кои требаше да се појават на изрекувањето на пресудата за случајот „Тенк“.

Адвокатот на Груевски Димитар Дангов по изрекувањето на пресудата кратко изјави дека Судот немал основа да изрече осудителна пресуда, туку пресудата требала да биде ослободителна. За отсуството на Груевски рече дека тоа е негово „лично право“.

Извори од одбраната на Груевски велат дека тој не дошол на изрекувањето на пресудата затоа што „не сакал да ги потпалувал тензиите надвор“ каде што се одржуваше протестот.

 

 

Груевски пресуда протести Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.