Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓукановиќ на чело на Црна Гора во следните пет години

0
By Нова ТВ on April 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 16, 2018 09:16

Според прелиминарните резултати од претседателските избори во Црна Гора, од сите обработени податоци од гласањето, кандидатот на ДПС Мило Ѓукановиќ освоил 53,8 отсто од гласовите, додека Младен Бојаниќ 33,5 отсто.

Според Центарот за демократска транзиција правото на глас го искористиле 64 отсто од запишаните 532.599 гласачи.

Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори, истакнувајќи дека резултатите се потврда на решеноста на  Црна Гора да го продолжи патот на европскиот квалитет на живот и членството во ЕУ.

Во победничкиот говор, тој рече дека нема да ги изневери очекувањата на граѓаните.

Наместо порака до противкандидатите, Ѓукановиќ им се обрати на опозициските лидери.

-Овој резултат е толку убедлив и надмоќен што ова е прилика да ги преиспитате вашите политички позиции, дека ништо добро не може да се постигне со негирање на постигнатото до кое дојде Црна Гора, рече тој.

Бојаниќ на прес конференција изјави дека Црна Гора гласала, како што гласала и им порача на гласачите дека изборниот пораз да не го сфатат како пораз. Бојаниќ рече дека нема да му ја честита победата на Ѓукановиќ.

 

-Нема да му ја честитам победата бидејќи немам што да мучеститатм. Да сум на негово место не би се радувал, туку би се срамел од ваква победа, изјави Бојаниќ.

Тој и порача на опозицијата да размисли како да се постави пред локалните избори закажани за 27 мај, и дека нема намера да основа партија.

На изборите учествуваа 7 кандидати: Марко Милачиќ, Младен Бојаниќ, Хазбија Калач, Василије Миличковиќ, Добрило Дедеиќ, Драгиња Вуксановиќ и Мило Ѓукановиќ.

Кандидатката на СДП, Вуксановиќ има поддршка од 8,1 отсто. Кандидатот на Вистинска Црна Гора Милачиќ има поддршка од 2,8%, а кандидатот на Партијата на правда и помирување Калач 0,8%. Миличковиќ освоил 0,5, а дедеиќ 0,4 отсто.

Шефот на набљудувачката мисија ЦЕМИ Златко Вујовиќ изјави дека се регистрирани голем број неправилности, но дека се работи за многу помал број одошто на парламентарните избори во 2016, кога имаше силно изразени тензии. Исто така тој укажа на значително помалиот одѕив во однос на парламентарните избори.

Претседателот на ДРИ Марсудин Даутович оцени дека изборите поминале во мирна атмосфера и дека граѓаните покажале зрелост и одговорност.

Тој истакна дека ДРУ немала никаква работа во текот на гласањето и дека е добиен само еден приговор од Младен Бојаниќ. По тој повод ДРИ одржал вонредна седница и заклучиле дека приговорот е преуранер, односно претходно требало да биде поднесен до општинските  изборни комисии.

Кандидатот на Вистинска Црна Гора Милачич изјави дека ова не е победа, туку пораз на целото црногорско општество и обвини дека ова е влез во диктатура, односно земјата веќе четврта деценија е без измена на власта.

-Влегуваме во тешка фаза како општество и мора да се избориме со тоа, изјави тој.

Драгиња Вуксанович изјави дека резултатите покажале очигледен проблем кај опозицијата, односнод ека за кандидатото Бојаниќ не гласале оние кои го поддржале.

Првата жена кандидат за претседател на Црна Гора им се заблагодари на своите гласачи и рече дека Ѓукановиќ не заслучува нејзина честитка, поради начинот на кој ја водел кампањата.

Претседателот на Црна Гора има мандат од 5 години.

Мило Ѓукановиќ досега во шест мандати беше премиер и во еден мандат претседател на Црна Гора.

Актуелниот претседател Филип Вујановиќ на оваа функција е веќе 15 години.

Црногорската опозиција е длабоко поделена на проруска и просрпска, а ниту долги преговори не успеа да се обедини околу еден претседателски кандидат.

 

 

 

Гукановиќ избори претседател Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.