Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамонд: Ќе ги изгубите бенефициите од ЕУ и НАТО ако продолжите вака

0
By Влатко Чаловски on May 23, 2016 ПОЛИТИКА
Филип Хамонд
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд во изјава во однос на политичката криза во земјава, вели Македонија назадува изминатава година а со цел членување во ЕУ и НАТО неопходни се исполнувања на неколку стандарди.

– За земја каква што е Македонија, чија траекторија се Европа и НАТО, јасни се стандардите кои сите очекуваме да бидат сериозно разгледани. Во сите земји-апликанти очекуваме постепено подобрување, вели Хамонд.

Според него, загрозен е евроатлантскиот пат на земјава доколку кризата продолжи да назадува.

– Во случајот со Македонија изминативе девет месеци или повеќе, гледавме назадување. Ние треба да бидеме јасни и искрени со Македонците дека ако продолжиме да ја гледаме истата ситуација, тие нема да напредуваат во соработката со ЕУ и НАТО. Мора да го променат ваквиот тренд и да се вратат на вистинскиот пат, инаку сите бенефиции од ЕУ и НАТО ќе ги загубат, предупреди британскиот министер.

Ваквите предупредувања во однос на политичката криза, не се нешто ново кога се работи за меѓународната заедница. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов е постојана мета на критика како од домашната така и од меѓународната јавност поради скандалозната аболиција на 56 луѓе за која рече дека е многу важна за смирување на тензиите пред изборите на 5.јуни.

Во меѓувреме, пратениците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ без присуство на опозицијата изгласаа селективна аболиција во Парламентот, а воедно и откажувајќи ги изборите за 5.јуни.

Селективната аболиција пак, предупредуваа меѓународните претставници и опозицијата, само ќе ја влоши кризата во Македонија.

аболиција ВМРО-ДПМНЕ ДУИ политичка криза Филип Хамонд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.