Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласаа селективно повлекување на аболициjата

0
By Нова ТВ on May 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 19, 2016 18:56

Во рамките на 102.седница и без присуство на пратениците од СДСМ и ДПА, Собранието на Република Македонија со 63 гласа „за“ и без воздржани и против донесе дополнување на Законот за помилување, со кој на Претседателот на државата му се дава можност да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој Закон при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката.

Со дополнувањето на овој Закон лицето за кое е донесена одлука за помилување ќе има право до Претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување, а тој е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето да ја поништи донесената одлука.

*Хојт Ји: Селективна аболиција би донела продлабочување на кризата
*Заев: Селективна аболиција не може да има
*Холандско МНР:Фер и демократски избори и итно повлекување на аболиција

Пратениците го донесоа и Законот за заштита на приватноста по скратена постапка, со кој се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година.

Со Законот се утврдува забрана за поседување, обработка, јавно објавување на материјалите кои претставуваат повреда на приватноста, на личниот и семеен живот. Со Законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички и други цели и постапки.

Со 65 гласа „за“, без воздржани и против, пратениците го дополнија и Законот за заштита на личните податоци по скратена постапка, а кој предвидува уредување на обработката на личните податоци што се содржани во судските одлуки. Со предложеното дополнување на одредбата обработката на личните податоци што се содржани во Избирачкиот список ќе се врши под услови утврдени со Изборниот законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на тој Закон.

Со 67 гласа „за“ на денешната седница е донесен и Законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, со кој се предвидува допрецизирање на одредбата во членот 31 став 2 точка 28в во делот на обезбедувањето на електронски пристап до Избирачкиот список. Со предложените решенија во Изборниот законик ќе се овозможи ДИК да обезбеди електронски пристап до Избирачкиот список согласно со овој Законик и на начин пропишан со прописите донесени врз основа на овој Законик.

Сите овие четири закони беа поднесени од пратениците Талат Џафери и Илија Димовски.

аболиција ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Иванов пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.