Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан и Могерини: Ципрас и Заев покажаа лидерство за историски договор

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 12, 2018 19:56

-Сесрдно им честитаме на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната определба и лидерство во постигнувањето на овој историски договор меѓу нивните земји, што придонесува за трансформација на целиот регион на Југоисточна Европа. Ова достигнување им припаѓа на лидерите на двете земји и нивните тимови, но првенствено им припаѓа на сите граѓани на двете земји и на Европа како целина, се вели во заедничката изјава на еврокомесарите за надворешна политика и за проширување Федерика Могерини и Јоханес Хан, на постигнатито договор мешу Македонија и Грција.

Преговарачкиот процес, под покровителство на Обединетите нации и посредништвото на личниот пратеник на генралниот секретар на ОН, Метју Нимиц и силната поддршка од Европската унија, се вели во изјавата, исто така е јасен доказ за моќта на мултилатералната дипломатија, дијалогот, почитувањето и подготвеноста за да изнајдеме решенија дури и за најтешките прашања.

-Заедно, ние сега мораме добро да го искористиме прозорецот на можности што беше отворен за да ги  поддржиме мирот и соработката во целиот регион, се вели во изјавата.

Перспективата на Европската унија за Западен Балкан, неодамна потврдена на Самитот во Софија, останува најмоќната стабилизирачка сила за регионот, сметаат Хан и Могерини, истакнувајќи го интересот и одговорност таа добро да се искористи. Тоа според нив беше, исто така, клучен поттик за овој договор, во духот на добрососедската соработка.

-Сега очекуваме  Советот да ја потврди нашата препорака од 17 април за отпочнување на преговори за пристап со Поранешната Југословенска Република Македонија во јуни. Ова не само што е заслужено, како признание за значителните реформски резултати на земјата, туку ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија како целина, се вели во изјавата.

-Европската унија ги охрабрува и ги поддржува преговорите од самиот почеток. Сега ќе ги поддржиме следните чекори со сите наши средства во истиот дух на дијалог за нашата заедничка европска иднина, истакнуваат Хан и Могерини.

Грција Договор изјава Македонија Хан. Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.