Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан и Заев: Волја и пријателство за решение на спорот со името

0
By Светлана Јовановска on June 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стартот на преговори за членство во ЕУ бара враќање на позитивната препорака на Европската комисија (ЕК) и согласност на сите 28 земји членки на ЕУ, изјави комесарот за проширување Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев. И додаде дека е потребен и национален конзесуз за ЕУ интеграција и работа со опозицијата врз реформите.

Хан има искрена намера, како што рече, да даде се од себе за да и помогне на Македонија на овој пат па најави дека ќе допатува во Скопје на 26 јуни. Но очекува од Македонија да покаже и докаже дека спроведува реформи кои се неопходни на патот кон ЕУ.

“Само така можат да се тргнат нашите резерви кон препораката”, рече Хан.

Хан и Заев разговарале и за реформи и мерки што веќе се преземени и за добрососедските односи. Односи кои за Хан се “клучни”.

“Охрабрен сум од овие први чекори. Разговаравме за најитните чекори и го уверив премиерот дека ЕК е спремна да помогне колку што може”, рече Хан повторувајќи дека Рајнхард Прибе доаѓа во Скопје веќе оваа недела за да се тргне во системски реформи за владеење на правото.

“Ова не го правите за да го задоволите комесарот или ЕУ туку заради граѓаните”, подвлече тој.

Конечно, рече Хан, “потребно е да се најде решение за спорот со името и да се најде начин како да се оди напред а тоа е базирано на заедничка доверба и затоа е толку потребно да се создадат и персонални односи” со лидерите на првите соседи.

“Ако влегуваме со отвореност во ова прашање тоа треба да биде можно. Ако има волја секогаш има пат напред и на тоа треба да се работи, на приближување на различните ставови. Потребно е конечно решение кое е прифатливо за сите”, рече Хан.

Премиерот е задоволен од средбата, како што рече самиот “со мојот драг пријател комесарот Хан”. И додаде дека “сега ни треба поддршка повеќе од кога било во смисла на сигнали и придвижувања во однос на интеграција во ЕУ”.

И повтори дека овој месец ќе оди во Софија а шефот на дипломатијата во среда оди за Атина. Цел на овие средби е “како да се изградат мостови на соработка и поддршка”, вели Заев.

Заев јасно ставил на знаење дека приоритет на оваа влада е ЕУ интеграцијата:

“За нас членство во ЕУ нема алтернатива”, рече Заев и додаде дека Македонија е кандидат за членство во 2005 година и “верувам дека ќе се согласите со мене дека е крајно време овој процес да се придвижи нанапред”.

За него е сосема јасно дека од Македонија се очекуваат реформи и тоа пред се во судството, владеење на правото и реформи во јавната адмнистрација бидејќи само така може да се врати позитивната препорака и тоа прва работа што треба да се направи.

За новиот премиер, “ако се има добар и пријателски однос може да се најде решение за се”. Тој најави креирање на позитивен амбиент со Грција.

Заев испрати порака и до опозицијата велејќи дека е потребна заедничка работа на патот кон ЕУ а успехот ќе биде заеднички а не само на владата.

Заев рече исто така дека Македонија понудила Скопје да стане седиште на регионалната заедница за транспортна соработка која е во формирање и која беше договорена во Сараево на последниот состанок на регионот.

Брисел ЕУ Зоран Заев име Јоханес Хан преговри со ЕУ препорака
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.