Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Не ми се допаѓа ПЈРМ – одлучете како ќе ви се обраќаме

0
By Нова ТВ on September 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 18, 2018 10:02

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска од Скопје уште еднаш ги повика граѓаните на Македонија да ја искористат отворената врата на ЕУ и НАТО и на референдумот на 30 септември, да го искористат своето право да ја определат својата иднина, иднината на идните генерации и на земјата.

-Скопје деновиве стана дестинација за сите политчари, не само од Европа туку и од целиот свет и тоа е доказ колку се цени Договорот на нашата земја и Грција и како на него гледа меѓународната заедница. Во светот имало многу долги конфликти, но ова е редок пример на решавање на такви конфликти доколку има добра волја, лидерство и одлучност да се решат прашањата во интерес на граѓаните. Затоа меѓународната заедница ова го поздравува, рече Хан на прес конференцијата со премиерот Зоран Заев.

-Оваа Спогодба силно е поддржана од меѓународната заедница, бидејќи е чувар на европската иднина на вашата земја и европските перспективи, потенцира еврокомесарот.

Хан говореше и за значењето на референдумот на 30 септември, уште еднаш потенцирајќи го она што и сите досега го кажаа – дека ова е уникатна можност која се појавува еднаш во животот за граѓаните да одлучат за својата иднина.

-Затоа е важно да се обезбеди дека граѓаните можат да донесат одлука врз основа на добра информираност. Затоа сакам да им се заблагодарм на медиумите, граѓанските организации, Владата, за информирање на граѓаните за овој референдум. Оваа одлука вашите граѓани треба да ја донесат независно и таа ќе биде важен прилог кон стабилноста на земјата и регионот, рече тој.

Откако повеќепати ја употреби кратенката ПЈРМ, Хан рече дека таа не му се допаѓа и доколку има некое барање е што побрзо да може да и се обраќа на земјата како Република Северна Македонија.

-Но тоа вие ќе одлучите, рече Хан.

Тој рече дека времето е се пократко, истакнувајќи дека следната недела во Брисел почнува скринингот, односно подготвителните активности за преговори.

-Мојот апел до граѓаните е едноставен: Информирајте се и искористете го своето демократско право да се чуе вашиот глас и направете слободен избор. Тука е важна младата генерација. Видовме во многу европски земји младите не се подготвени да гласаата, да ги искористат можностите кои ги имаат. Секој глас е важен, искористете го и одете да гласате и одлучете, порача Хан во Скопје.

Појаснувајќи го скринингот, тој рече дека се работи за сериозен и сложен процес, кој не се однесува само на правни одредби, туку како што рече, тоа го опфаќа и секојдневниот живот на граѓаните: квалитетот на воздухот, прехранбените производи, образованието, здравството, секторите кои имаат влијание врз секојдневиот живот.

Во врска со пораките што му ги пренел на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата вчера, Хан рече дека тоа се истите што ги кажува изминатите месеци на сите политилки фактори во земјата.

-Мојата порака и до него и до премиерот и до сите лидери, во последните неколку месеци е дека ова е референдум за иднината на земјата и целата ситуација не смее да се претвори во нешто што е политички настан, не смее да се исполитизира. Политичките партии треба да се воздржат на ова за партиски цели и мислам дека секој треба да одлучи за сопствените интерси и ставови и во ваков круцијален момент не е време за политички игри. Тоа му го кажав и на премиерот пред неколку месеци. Важно е да се мотивираат сите да учествуваат во референдумот и да го остварат своето демократско право. Постојат лични чувства, но важно е да се учествува и да се изрази ваквата одлука. Би сакал колку е можно повеќе граѓани да учествуваат на овој референдум и тоа ќе биде сигнал за ЕУ колку граѓаните го разбираат значењето, рече Хан.

Заев му се заблагодари на целиот тим на Хан во Скопје и во Брисел и на целата ЕУ за поддршката.

Договор ЕУ Заев прес референдум скрининг Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
ФОКУС
January 8, 2026

Париз: Франција ќе го спасува Гренланд од Трамп

ВЕСТИ January 8, 2026

Белата куќа вчера соопшти дека Трамп разговара за опции за стекнување на Гренланд, вклучително и…

Вашингтон: Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни групи и организации

January 8, 2026

Минеаполис: Во анти миграциска акција брутално убиена мајка на три деца – избувнаа протести

January 8, 2026

Трамп: Се сомневам дека НАТО би бил тука за нас ако ни треба, но Америка секогаш ќе биде тука за НАТО

January 7, 2026
ТИКЕР

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026

Косова прес: Артан Груби е виден во главниот град на Косово

January 8, 2026

Претставена првата батерија за автомобили – се полни за само 5 минути

January 8, 2026

Трамп на Truth Social: 41,3 отсто од албанските семејства во САД се приматели на американска социјална помош

January 4, 2026

Нилски коњи уби четворица мажи

January 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.