Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан со порака до ЕУ: Одлагање на преговорите со Македонија може да има драматични последици

0
By Нова ТВ on April 27, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Eврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за Агенција Европа, ги предупреди земјите членки на ЕУ дека повторно одлагање на преговорите за Македонија и за Албанија би можело да има „драматични последици“ за целиот регион.

По пораките што пристигнаа од Париз дека земјата останува резервирана за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија во јуни оваа година, Хан предупредува дека во прашање е кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот.

„Се работи за кредибилитетот на ЕУ. Земјите членки сами го одредија месец јуни во 2019 година како датум за одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Одлагањето би можело да има драматичен импакт врз целиот регион“, вели Хан.

Тој потсетува дека Македонија веќе десет години чека старт на овие преговори што беа блокирани поради спорот со Грција.

„Сега кога овој проблем е решен благодарение на политичката храброст и одлучност на двајцата лидери и кога констатираме одличен напредок во внатрешните реформи, би било многу разочарувачки ако отворањето на пристапните преговори повторно се одложи“, порачува комесарот за Агенција Европа и истакна верба дека земјите членки ќе донесат „права одлука“ како за Северна Македонија, така и за Албанија која, според него, исто така бележи добар реформски напредок, посебно во правосудството.

Еврокомесарот Хан, кој нема да присуствува на неформалниот самит во Берлин во понеделник посветен на Балканот затоа што проширувањето не е на агендата, предупредува исто така дека ЕУ, и посебно скептичните земји, треба да внимаваат да не ја запостават оваа политика кон регионот.

„Ги поздравувам напорите на претседателот Макрон да ја зајакне надворешната и безбедносната политика на ЕУ, но тоа треба да започне со нашето соседство, западниот Балкан, посебно пред конкуренти како Русија, Кина и Турција кои не се заинтересирани на европските вредности и норми“, вели Хан.

Тој додава дека е „убеден“ дека шефот на француската држава се согласува дека “не е во геостратешкиот интерес на ЕУ да се остави Балкан на други актери“.

„Но овој геостратешки ангажман ќе функционира само ако земјите членки, вклучувајќи ја и Франција, ја потврдат европската перспектива и ги признаат индивидуалните заслуги на земјите“, додава комесарот во интервјуто.

На брифингот од Елисејската палата со новинарите во Париз повеќе пати нагласи дека самитот во понеделник треба да биде посветен, пред сѐ, на регионалната соработка, иако уверува дека таа нема да стане замена за самото проширување. Хан, од своја страна, потсетува дека двата процеси се неразделиви.

„Соработката и стабилноста на регионот се во срцето на процесот на проширување на ЕУ, процесот на зачленување е основниот мотор на економските реформи и реформите на правната држава, кои се основа за секаков демократски развој“, одговара Хан, додавајќи дека “регионалната соработка како интегрален дел на процесот на проширување е суштинска затоа што без решение на билатералните спорови, земјите нема да можат да се зачленат во ЕУ“.

Франција и Германија во понеделник ќе сакаат на земјите од регионот да им го покажат сопствениот пример на помирување и надминување на споровите, но еврокомесарот Хан потсетува дека постои друг скорешен и локален пример.

„Имаме понов пример кој доаѓа од самиот регион: Северна Македонија и Грција. Овие две земји успеаја заедно да го решат спорот за името кој тежеше врз нивните билатерални односи три децении, ова е историски успех кој на целиот регион испраќа сигнал дека дури и долгогодишните спорови можат да се надминат“, вели Хан за Агенција Европа.

ЕУ Јоханес Хан преговори Северна Македонија членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.