Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки ќе покрене постапка за директорот на прилепската гимназија

0
By Нова ТВ on March 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2017 15:32

Хелсиншкиот комитет остро реагира на злоупотребата на учениците од средните училишта за политички цели.

Во изминатата недела Хелсиншкиот комитет регистрираше два случаи каде ученици на средни училишта се повикуваат на протест, а со цел наводна одбрана на државните и националните интереси.

– Особено загрижувачки е последниот случај во средното училиште Мирче Ацев од Прилеп, каде директорот на училиштето, надвор од службените овластувања, држи политички говор и ги повикува учениците на протест за наводна одбрана на македонскиот јазик и унитарноста на државата, посочуваат од Хелсиншки во соопштението.

Во овој контекст, од оваа организација потенцираат дека дека согласно Законот за средно образование забрането е секакво политичко организирање и дејствување, како и дискриминација по основ на национално потекло и политичко уверување.

– Подгревањето на националните страсти од страна на носители на јавни функции, како што се директорите на училиштата, може да доведе до разгорување на национална и етничка нетрпеливост во поголеми размери. Со ваквото незаконско дејствување на директорите, осоновано може да се констатира дека се исполнуваат битијата на кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, се вели во соопштението.

Поради утврдените пречекорувања на службените овластувања и повредата на Законот за средно образование, Хелсиншкиот комитет ќе поднесе претставки до државниот образовен инспекторат и Народниот правобранител, со цел да утврдат незаконито постапување на страната на директорот на средното училиште Мирче Ацев од Прилеп и да иницираат соодветни постапки за негово санкционирање.

деца Прилеп протести Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.