Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И денеска тензии во Собранието, пратениците скандираа и тропаа по маси

0
By НОВА ТВ Terziova on June 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2022 21:53

Заврши расправата за предлог-измените на Законот за работни односи на Комисијата за европски прашања.

Потпретседателката на комисијата Арта Биљали Зендели вели дека седницата е затворена, бидејќи завршија двата дена за расправа во работното тело предвидени за закони со европско знаме и по скратена постапка.

Таа соопшти дека од поднесените 388 амандмани разгледани се само два, поради како што рече, тоа што опозицијата ја блокирала работата со процедурални забелешки.

Пред претресот по амандманите, во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нема да се навраќа на сето она што се случуваше во текот на вчерашниот ден и додаде дека не се дозволува дискусија за нивното барање – разгледување на заклучоците на ЕУ за Западен Балкан на првата наредна седница.

– Недозволиво е барањето кое писмено ви е доставено да не го ставите како точка на дневен ред, да се произнесеме по него. Дополнително, дали вчера утврдивте предлог-дневен ред, дали дадовте можност да го дополниме тој дневен ред, праша Мицевски.

Тој апелираше да се почитуваат законите и Деловникот на Собранието, укажувајќи дека не е усвоен дневниот ред и додаде оти не им е дадена можност за дополнување на дневниот ред со точката која ја предлагаат. Според него, точката што ја предлагаат треба да се стави на дневен ред, а пратениците треба да се произнесат.

Мицевски пред членовите на Комисијата и пред медиумите прочита еден документ кој, како што рече, дошол до него. Според тој документ, Комисијата за европски прашања нема да води претрес по поднесените амандмани, бидејќи според член 171 Д, став 1 од Деловникот на Собранието е истечен рокот од најмногу два дена за водење претрес по амандманите.

Ова е, како што рече, изготвен текст кој заменик-претседателката на Комисијата денеска планира по неколку процедурални или по неколку паузи да го прочита пред македонската јавност. Тој потенцира дека на крајот на денот владиното мнозинство, пратениците од СДСМ и ДУИ, ќе пробаат да утврдат дека нема можност да се разговара по амандманите.

Биљали Зендели соопшти дека дневниот ред вчера се гласал пред, како што рече, „неизбежниот скандал“ што се случи во салата. Таа информира дека не работи по сценарија, а додаде дека вчерашниот скандал бил монтиран и предизвикан, а расправата веќе е почната.

Откако не добија одговори на поставените прашања и можност за процедурални забелешки, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа и тропаа по маси. Побараа на седницата да присуствуваат и други владини претставници, а не само министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

ВМРО ДПМНЕ Дома СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.