Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И до 120 нови пациенти со мултиплекс склероза годишно, 50 ја чекаат високоефикасната терапија

0
By НОВА ТВ Balaban on May 30, 2022 ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2022 13:10

Секоја година се дијагностицираат нови 80-120 пациенти.  Имено, повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија. Овие лица се млади, работоспособни кои се уште можат да го дадат својот придонес во општетсвото, но ако и понатаму останат без терапија согласно природата на самата болест постои ризик за прогресија и појава на неповратен инвалидитет, предупредија од Националното здружение за мултиплекс склероза. 

Со марш во центарот на Скопје, Националното здружение за МС денеска го одбележа Светскиот ден на мултиплекс склероза (МС) под мотото „Заедно поврзани„.

Претседателката на здружението, Ана Карајанова Димитрушева, изјави:

– Континуираното ажурирање на позитивната листа на лекови за МС кои се на товар на фондот е во интерес на државата, бидејќи на тој начин, државата заштедува пари и воедно се грижи за добросостојбата на лицата со МС.

Карајанова Димитрушева додаде дека се за поздравување заложбите на здравствените власти, во соработка со тимот од Универзитетска Клиника за неврологија, за континуирано зголемување на бројот на лица со МС кои примаат ефикасна терапија.

– Но и покрај тоа, соочени сме со недостапност на оваа терапија за голем број пациенти со МС. Во слична ситуација се и оние кои чекаат со месеци да добијат современ третман. Причините за оваа состојба може да се бараат во недоволниот буџет на Клиниката за лековите за МС, што резултира со немање доволно средства за набавка на лекови и за постоечките пациенти кои веќе се на третман неколку години, нагласи претседателката.

Имено, повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија.

– Овие лица се млади, работоспособни кои се уште можат да го дадат својот придонес во општеството, но ако и понатаму останат без терапија согласно природата на самата болест постои ризик за прогресија и појава на неповратен инвалидитет, што од друга страна ќе се рефлектира со значителен товар врз самиот пациент и неговото семејство, а претставува и сериозна импликација и негативен економски импакт врз социјалниот, здравствениот и пензискиот фонд во подолг временски период, изјави Карајанова – Димитрушева.

Таа предупреди дека бројот на новодијагностицирани пациенти со МС постојано расте, бидејќи секоја година се дијагностицираат нови 80-120 пациенти.

Во Македонија од МС боледуваат околу 1.500 лица додека во светот има повеќе од 2,3 милиони лица.

Целта да се подигне свеста за невидливите симптоми на МС и нивното негативно влијание врз квалитетот на живот на лицата кои се соочуваат со оваа болест, да ги предизвикаат општите заблуди и да им помогнат на луѓето да размислат како да им понудат соодветна поддршка. На тој начин јавноста ќе се запознае со големиот број на исцрпувачки симптоми со кои секојдневно се соочуваат лицата со МС, а јавноста не ги гледа.

– И покрај евидентниот напредок кој е направен изминативе години, сѐ уште има потреба од унапредување на грижата за лицата со мултипла склероза, како на пример навремена дијагностика, адекватен и современ третман преку зголемување на достапноста на високоефикасните и иновативни лекови, порачаа од Здружението.  

Преку кампањата која траеше цел мај, го споделивме искуството на лицата со МС пред влијателните личности и лица кои носат одлуки во нашето општество, со цел партнерски да најдеме суштинско решение кое ќе обезбеди доволно адекватни лекови за сите пациенти со мултипла склероза.

Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 години, и околу два-три пати почесто се дијагностицираат жени наспроти мажи.

Причината за МС сѐ уште не е позната и досега не постои лек, но постојат лекови кои можат да им помогнат на лицата со МС да ја стават болеста под контрола и постојат многу опции за подобрување и управување со симптомите.

МС го прави животот непредвидлив за секого. Повеќе на веб страницата http://msmakedonija.eu.org/multipla-skleroza.

На настанот говореа и сопругата на претседателот на РСМ проф. Д-р Елизабета Ѓоргиевска, Доц. Д-р Владимир Рендевски заменик министерот за Здравство, М-р Кристина Христова, директор на секторот за фармација на Фонд за Здравствено осигурување на РСМ, и директорот на Универзитетска Клиника за неврологија, доц. Д-р Иван Барбов.

 

Ана Карајанова Димитрушева Клиника за неврологија марш мултиплекс склероза пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.