Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И покрај падот на бројот на нови случаи и хоспитализации: Словенија не планира да ги олабави мерките за празниците

0
By Sashko on December 20, 2021 РЕГИОН
Фото: firstpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на новозаразени лица во Словенија продолжува да опаѓа, а бројот на хоспитализирани, исто така, се намалува, но Владата не најавува олабавување на мерките за божиќните и новогодишни празници поради сојот Омикрон на коронавирусот.

Наредните денови и недели сигурно нема да има опуштање, туку дополнителни мерки, изјави денеска министерот за здравство Јанез Поклукар, додавајќи дека Владата сè уште не одлучила кои активности ќе бидат дозволени за време на празниците.

Тој рече дека Владата минатата недела ја почнала расправата за ограничување на одредени активности и ќе ја заврши до крајот на годинава.

Ќе треба да ги споредиме и балансираме мерките, како во Словенија, така и меѓу членките на ЕУ, додаде Поклукар.

Министерот предупреди дека во Словенија досега се потврдени околу 20 случаи на инфекција со Омикрон, а речиси стотина луѓе поради тоа се наоѓаат во карантин.

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 585 нови инфекции, а девет пациенти починале. Продолжува благ тренд на смирување на епидемијата, а првпат од 3 ноември бројот на хоспитализирани се намали на помалку од 700, соопшти денеска словенечката Влада.

Во рамки на започнатата акција за побрза вакцинација, која ќе трае до четврток, 62 пункта за имунизација работат цел ден, додека дел од центрите се отворени и ноќе

мерки Омикрон празници регион Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.