Жозе Мурињо се спогоди со обвинителството на Шпанија и прифати да плати 5,3 милиони евра за затајување на данок додека беше на клупата на Реал Мадрид од 2011 година до 2012 година. Покрај паричната казна, Португалецот доби и затворска за времетраење од една година што, сепак, нема да ја отслужи бидејќи, според шпанските закони, е олеснителна околност кога се изрекува за период помал од две години и покрај тоа што направил прв прекршок по тој основ.
„Специјалниот“ беше обвинет дека во периодот 2011-2012 не пријавил приход од маркетиншки ангажман од 3,3 милиони евра за што е казнет со два милиона евра или вкупно 5,3 милиони. Неколку недели претходно од затворска казна во Шпанија по истиот основ се спаси и неговиот сонародник, Кристијано Роналдо. За затајување на данок се казнети и Лионел Меси, Алексис Санчез, Радамел Фалкао, Марсело и многу други фудбалери.