Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И вардарки си имаат своја ѕвездичка: Цвијиќ во Ол-стар тимот на ЛШ

0
By Нова ТВ on May 11, 2018 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До промоцијата на новиот европски женски ракометен првак нè делат уште четири меча. И додека екипите ги прават последните подготовки за утрешните полуфинални мечеви во „Ласло Пап арена“ во Будимпешта, причина за задоволство веќе имаат девет девојки и тренер кои влегоа во Ол-стар тимот на сезоната за групната фаза во Лигата на шампиони.

Меѓу нив и една вардарка. Драгана Цвијиќ доби најмногу гласови за позицијата кружен напаѓач во изборот во кој учествуваа илјадници фанови и спортски новинари од 12 земји. Во номинациите беа вклучени уште три нејзини колешки во црвено-црниот дрес и тоа за позициите најдобар голман (Амандин Лејно), лев бек (Андреа Пенезиќ) и десен бек (Александра Лакрабер), но најдебело гласачко конто, редоследно, на крајот има Норвежанката Кари Алвик Гримсбо (Ѓер), Романката Кристина Неагу (ЧСМ Букурешт) и Словенката Ана Грос (Мец).

Во игра за Ол-стар статус беше и Ирина Дибирова меѓутоа на клупата на тимот ѕвездички заврши Мартин Амброш од Ѓер.

Ол-стар тим на групната фаза во Лигата на шампиони за сезоната 2017/18

Голман: Кари Алвик Гримсбо (Норвешка) – Ѓер

Лево крило: Сираба Дембеле (Франција) – Ростов

Лев бек: Кристина Неагу (Романија) – ЧСМ Букурешт

Среден бек: Вероника Кристијансен (Норвешка) – Митјиланд

Кружен напаѓач: Драган Цвијиќ (Србија) – ЖРК Вардар

Десен бек: Ана Грос (Словенија) – Мец

Десно крило: Јулија Манагарова (Русија) – Ростов

Најдобар дефанзивец: Жужана Томори (Унгарија) – Ѓер

Најдобра млада ракометарка: Тјаша Станко (Словенија) – Крим Меркатор

Тренер: Мартин Амброш (Шпанија) – Ѓер

Драгана Цвијиќ ЖРК Вардар Лига на шампиони Ол-стар Ракомет (ж)
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.