Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЈЗ: За третина помалку починати од ковид-19, а за 13 отсто помалку заразени

0
By НОВА ТВ Balaban on February 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 15, 2022 11:33

Помалку заразени и починати од ковид-19 во земјата биле пријавени во периодот од 7. до 13. февруари годинава во однос на претходната недела, а само кај тинејџерите е забележан пораст на бројот на позитивни, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Регистрирани сe 8.638 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела (n=9.977). Процентот на позитивност се движи од 27,2% до 37,4%, просечно 32,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=4.838; 56,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 837,8,1/100.000.

Тестирани се вкупно 26.360 материјали во лабораториите, со намалување за околу една петина (21,1%) во oднос на минатата недела.

Пријавени се 124 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 32,6% помалку во однос на претходната недела.

Тинејџерите и децата повеќе се инфицирале со ковид-19    

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата на возраст над 60г (n=2.052, 23,8%) и 40-49г (n=1.629, 18,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=434; 5,0%). Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај возрасните групи над 20 години, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29г.

Во однос на претходната недела, се забележува зголемување кај возрасните групи од 0-9г и од 10-19г, за 39,5% и 47,6%, соодветно. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.711 (54,5%) лица од женски и 3.927 (45,5%) од машки пол.

„Оздравени“ речиси 10.000 лица, повторно се инфицирале 1.236 граѓани, а шестмина по третпат

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 9.900 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.236 реинфекции (од кои 6 се втори реинфекции), со намалување за 7,8% во однос на претходната недела.

Смртни случаи, вкупно 124, се пријавени во 23 градови во текот на изминатата недела,  што е за 32,6% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (49). Во однос на возраста, најголем број (n=121; 97,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.

(Љ.Б.)

 

деца Извештај Институтот за јавно здравје инфицирани Ковид-19 помалку Починати тинејџери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.