Владата го именува Бојан Маричиќ за Национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка, а Марјан Забрчанец за Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија.

Со овие именувања се обезбедува континуитет во започнатите процеси во сферата на европските интеграции и регионалната соработка, како и во сферата на професионализацијата на владините јавни комуникации согласно владината комуникациска стратегија за време на техничката Влада.