Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инфантино предлага: Светско клупско првенство со 32 тима

0
By Нова ТВ on November 18, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 18, 2016 20:42

Светско клупско првенство со 32 тима е најновиот предлог на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Планираните промени за натпреварувањето што моментно брои 7 екипи ги сподели преку италијанскиот весник „Газета дело спорт“ пришто најави и поместување на самиот турнир. Наместо во декември како што беше случај досега, мечевите би се играле во јуни, а таквиот формат би бил применлив од 2019 година.

Веста го обиколи светот, но официјални реакции засега сè уште нема. Останува да се види дали оваа идеја на Инфантино ќе помине иако е факт дека распоредот и онака е згуснат. Првичните прогнози се однесуваат за можно несогласување кај фудбалерите од едноставна причина што во тој период од годината размислуваат само на одмори по напорната сезона.

Светско клупско првенство во фудбал се игра од 2000 година, во сегашниот формат од 2005 година. Барселона е рекордер по бројот на титули со три (2009 година, 2011 година и 2015 година), Коринтијанс има две (2000 година и 2012 година), а по еднаш победуваа Сао Паоло (2005 година), Интернасионал (2006 година), Милан (2007 година), Манчестер унајтед (2008 година), Интер (2010 година), Баерн Минхен (2013 година) и Реал Мадрид (2014 година). Свој придонес во единствената титула на „нероазурите“ под водство на Рафаел Бенитез имаше и Горан Пандев. Во финалето беше совладан тогашниот африкански шампион со 3:0, капитенот на репрезентацијата на Македонија беше стрелец на првиот гол.

Бразил беше домаќин на првиот турнир, титулата седум пати се одлучуваше во Јапонија вклучувајќи го и ланското издание и по двапати во Обединетите Арапски Емирати и во Мароко.

 

 

 

Горан Пандев Светско клупсо првенство ФИФА фудбал Џани Инфантино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.