Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Информација или манипулација: Новата опасност која ги демне младите

0
By Marija Todorovska on February 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 15, 2024 16:07

МАРИЈА ТОДОРОВСКА / Цивил Медиа

УНИЦИЕФ изрази загриженост поради тоа што голем дел од децата ќе пораснат во дигитална ера, презаситена со дезинформации. Доаѓаат генерации кои нема да веруваат во ништо. Тие ќе бидат целосно збунети околу суштински прашања за вредностите во општеството и начинот на живеење. А, со новите алатки на технологијата станува сѐ потешко препознавањето лажни содржини, па така и младите сѐ почесто се мета на овие содржини и лесно потпаѓаат под нивно влијание.

Интернет средината е дефинитивно на место број еден за информирање на новите генерации, тие сѐ помалку црпат информации од традиционалните медиуми како телевизијата, радиото и печатените медиуми. Нивното внимание го задржуваат само кратките вести, било да се во облик на видео, фотографија или пишан текст. Ретки се оние кои би се задржале на една вест повеќе од три минути или пак би пуштиле да гледаат видео од десетина минути. Сето ова го олеснува начинот да се пласираат дезинформациите, а потоа и оние кои ги читаат, самите да станат дезинформатори со тоа што ќе кликнат „сподели“, „ми се допаѓа“, „не ми се допаѓа“ или ќе остават коментар.

Сега е најлесен провевот на дезинформации бидејќи младите „скролаат“, застануваат на наслови што ќе ги заинтересираат и читаат површно без навлегување во детали. Повеќе се заинтересирани за слики и видеа (што е многу лесно да се направат лажни) и не се интересираат за изворот, авторот на текстот или да истражат како слични медиуми известиле за истото.

Според истражувањата, меѓу 60 и 80% од читателите на интернет, неспорно која социјална мрежа, го читаат само насловот на веста, а само 20 до 30 % би го кликнале линкот кој води до целата вест. Исто така, истражувањата покажуваат дека на една објава корисниците на Фејсбук платформата се задржуваат 1.7 секунда, а на платформата Инстаграм 2.0 секунди. Што значи дека шансите за критичко размислување и проверување на вистинитоста на веста се сведени на 2 секунди од страна на читателите, скоро па и невозможно, но и вистинито. Што значи дека тие само ги голтаат убаво сервираните насловчиња!

Како студентка која секојдневно, во комуникација со своите колеги, ги коментира актуелните случувања, можам да наведам голем број примери како дезинформациите го изобличуваат начинот на мислење кај младите луѓе. Односно, дезинформациите си ја постигнале целта.

Без да зборуваме нашироко и за целта на дезинформациите, ние можеме да забележиме низ неколку примери за разговори кои кружат пред амфитеатрите, додека се чека ред пред студентски прашања, додека се пие кафе на пауза со колегите и додека младите умови циркулираат низ градот.

Апатијата, но и лажните наративи, се очигледна во разговорите во кои младите ја дискутираат војната помеѓу Русија и Украина. А не можат незабележано да поминат дезинформациите кои почнуваат и самите да ги шират, од видот на „Западот ја започна војната, Русија само се бранеше“, „Русија е светска сила“ или „Русија е најсилна економија во Европа“.

Или, да се навратиме неколку години наназад, за време на пандемијата, зачудувачко, по малку и тажно е колку младите не веруваа на вакцините, споделуваа различни теории на заговор, се поставува прашањата што се случува надвор додека трае полицискиот час и сите сме дома, се дискутираше околу она што го ‘прскаа’ авионите над нас како и самиот факт уште на почетокот на епидемијата – дали воопшто постои вирусот Ковид-19?

Во однос на нашата внатрешно политичка состојба, не може а да не се забележи негативното влијание кај младите, особено од националната припадност Македонци, во врска со техничката влада, албанските политички партии и воопшто целиот политички естаблишмент. Како најсвеж пример можеме да ја посочиме лажната вест за посетата на Талат Џафери, како технички премиер, и манипулираното видео со прославата во гостиварското село Форино, каде наводно во позадина се слушаат извици „Илирида“ и „Косово“, кога прилично го разгори пламенот на омразата, недовербата и стравот кај нив.

Особено во овој важен предизборен период, најголемата штета што овие дезинформации ја прават е погрешниот избор на младите, менувањето на нивните погледи и разбирање на сегашноста, а во голема мера и штета врз нивната иднина.

Зошто би требало сериозно да бидеме загрижени за оваа состојба?

Бидејќи помеѓу младите сериозно се нарушуваат меѓуетничките односи, се поттикнува говор на омраза, насилство и агресија. А како би изгледал светот во иднина кој ќе биде оставен во рацете на овие конфузни млади лица?

Ние токму овие денови бевме сведоци на еден непријатен настан, тепачка во градски автобус помеѓу млади момчиња, секако различна националност. Ете што направи пропагандата и говорот на омраза, наместо единствената мисла на овие млади момци да биде дружбата и забавата, нивните мисли се затруени со агресија, омраза и жално, но да, горчлив национализам.

Затоа медиумската писменост е поважна од било кога, за секој еден млад поединец кој е корисник на социјалните мрежи и се информира од нив. Младите би требало со поголемо внимание и концентрација да ги читаат вестите, а не онака ‘подзаспано’ дозволувајќи секакви глупости да влезат во нивниот ум и да манипулираат со нив.

Кога младите би биле повнимателни и отпорни, не би биле лесна мета за манипулациите и дезинформациите, па така, оние кои ги шират, ќе наидат на црвст ѕид, нема да ја постигнат целта. Нивните напори се да нѐ доведат до состојба на едно распаднато општество, чии темели се лагата, злобата и себичноста. Таквите темели, знаеме и самите, не се издржливи и во секое време спремни се да попуштат, така што ќе остане само една урнатина од тоа што има потенцијал да биде здраво општество.

Марија Тодоровска е студентка по новинарство во Скопје.

говор на омраза дезинформации национализам студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.