Италијанскиот премиер Марио Драги планира да свика итна средба на врвот на Г -20 што ќе биде посветена на ситуацијата во Авганистан, објави весникот „Ла Република“.
Претходно закажаниот самит на Г -20 ќе се одржи во Рим на 30 и 31 октомври оваа година, но според изданието, кабинетот на Драги работи на одржување на вонреден состанок на шефовите на држави или влади на дваесет водечки економии во врска со преземањето на власта на талибанците во Авганистан.