Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, преку својот Фејсбук профил покренува иницијатива за Зоран Заев да остане на претседателската функција во партијата.
Како што напишал Костовски на Фејсбук, од утре (2 ноември) ОО на СДСМ Куманово ќе почне со собирање на потписи за поддршка на Зоран Заев и се надева дека неговата иницијатива ќе наиде на одзив кај сите општински организации на партијата низ земјата.
„Со наш потпис, поддршка за Заев за лидер на СДСМ“, порачува Костовски.
С.Ѓ.Д.