Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИНТЕРВЈУ со директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ: По 12 години Тец-от произведува 2 милиона кв./ч. струја и прави финансиски заштеди

0
By Mirjana on December 24, 2021 ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 13:02

Во услови на глобална енергетска криза кога државите мака мачат со сопствените ресурси за нејзино производство и неизбежно купуваат од скапите берзи, Република Северна Македонија по 12 години го стави во функција ТЕЦ Неготино кој овие денови почна да ги испорачува првите киловатчасови електрична енергија. Директорот Небојша Стојановиќ во интервју за НоваТВ, вели дека моментално се произведувале околу 2.000.000 киловатчасови, и дека тоа значело задоволување на количините на електрична енергија во системот. Стојановиќ во интервјуто уште говори за тоа како е рестартиран ТЕЦ-от по цели 12 години, кој се учествувал во процесот, и заштедите што ги прави во домашниот буџет.

НоваТВ: Господин Стојановиќ  Тец Неготино од неодамна  е пуштена во погон за производство на електрична енергија. Нема да претераме ако речеме дека се случи револуција, зашто по цели 12 години Тец-от покажа знаци на живост  и жилавост. Што направивте за да проработи енергетскиот „олд тајмер“ ?

– АД ТЕЦ Неготино неколку дена произведува електрична енергија, по пауза од 12 години, односно од 2009 година, кога последен пат бил  вклучен во процес на производство. Неможе да се каже дека нешто специјално се направи. Редовно во текот на овие изминати години се врши проверка на опремата за работа и обука на вработените. Низ процесите на конзервација на опремата што се врши секоја година се обезбедува заштита на истата. Од тие причини за брз временски период електраната започна со процес на производство.

НоваТВ: Граѓаните секако се интересираат, зошто Тец-от  беше толку години надвор од функција ?

– Надвор од процесот на производство на електрична енергија бевме поради висината на цената на мазутот, кој во тие моменти значеше и висока производствена цена на електрична енергија од страна на АД ТЕЦ Неготино.

НоваТВ: Колку киловатчасови електрична енергија произведувате дневно и што значи тоа за потребите на Република  Северна  Македонија?

– Моментално се произведуваат околу 2.000.000 киловатчасови, тоа значи задоволување на количините на електрична енергија во системот.

НоваТВ: Колку овие дома произведени киловатчасови електрична енергија , ќе продуцираат заштеди во буџетот, средства кои досега се трошеа за купување на струја на скапиот европски пазар?

– Имајќи во предвид дека цената на електричната енергија на берзите моментално е навистина висока, и на дневна основа променлива, со производство на електрична енергија во АД ТЕЦ Неготино, каде цената за производство на мегават-час изнесува околу 175 евра, се остваруваат големи заштеди на финансиски средства. Не би сакал денес да коментирам износ на средства кои се заштедуваат, би оставил процесот да продолжи, па подоцна доколку треба да коментираме.

НоваТВ: Дали Тец-от располага со „А“ интегрирана дозвола и што значи тоа?

– Да, АД ТЕЦ Неготино располага со А интегрирана дозвола, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Тоа значи дека целокупното работење на електраната е во согласност со постоечките законски регулативи и стандарди во насока на заштита на животната средина

НоваТВ: Дали мазутот што го користите ги задоволува стандардите за сулфур под 1% ?

– Секако да. ТЕЦ Неготино има обврска и ја почитува обврската за користење на нискосулфурен мазут.

НоваТВ: Ангажиравте дури и порано вработени стручни лица во Тец Неготино, а сега пензионери за да помогнат во рестартот на комбинатот. Што значеше за  нив овој  предизвик ?

– Во изминатите години се случи таканаречена промена на генерации кај вработените во АД ТЕЦ Неготино. При почетокот на процесот на производство исконтактиравме со дел од поранешни вработени во АД ТЕЦ Неготино, и луѓето прифатија да се ангажираат во процесот. Станува збор за луѓе стручни и луѓе со искуство од времето кога електраната била во погон на производство. Ангажманот на овие луѓе беше искористен и за поддршка на моментално вработените, кои нормално, од причина што не учествувале во процес на производтво, или учествувале значително помалку од овие луѓе и немаат толкаво искуство.

НоваТВ: Се наоѓаме пред новогодишните и божиќните празници. Може ли граѓаните да бидат мирни и дека нема да останат без струја или барем без оној контингент киловатчасови што го произведува Тец Неготино?

– ТЕЦ Неготино овие денови произведува електрична енергија и планираните количини засега се произведуваат без некои посериозни проблеми. Имајќи ја во предвид староста на опремата, не можеме  со сигурност да кажеме дека тоа така ќе остане и во иднина. Но, јас искрено се надевам дека нема да се соочиме со поголеми проблеми или дефекти кои би значеле прекин на процесот на производство. Очекувам АД ТЕЦ Неготино да ги произведе планираните количини на електрична енергија.

Мирјана Трпческа

 

 

 

директор интервју НЕБОЈША СТОЈАНОВИЌ ТЕЦ Неготино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.