Инциденти се случија пред грчкиот Парламент за време на протестот во Атина организиран против Договорот од Преспа. Група маскирани лица со грчки знамиња, веројатно припадници на екстремно десничарски групи, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред Парламентот.
Тие со предмети, шишиња и пиротехнички материјали ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец. Кон полицијата беа фрлани и бои.