Исламската држава ја презеде одговорноста за напаѓачот кој денеска со нож бодеше луѓе градот Сургут, Русија.

Повредени беа седум лица од кои две се наоѓаат во животна опасност.

Соопштението со кое ја преземаат одговорноста беше објавено на нивниот официјален канал за вести.

Напаѓачот ранил седуммина луѓе пред да биде застрелан од полицијата. Истражниот комитет информираше дека напаѓачот е локален жител роден во 1994 година и дека се истражува дали напаѓачот има психијатриски нарушување.

Сургут е центар на сибирската нафтена индустрија. Во градот кој е на 2100 километри североисточно од Москва живеат околу 300 илјади луѓе.

Исламската држава ја презеде одговорноста и за терористичките напади во Шпанија на 17 август во кои загинаа 14 луѓе.