Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историско финале во ракометната ЛШ: Вардар нека светне и со „светците“

1
By Нова ТВ on June 4, 2017 СПОРТ
Фото: ehffinal4.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарите на Вардар ги делат неколку часа пред новата прилика за историја. По дофатот на Фајналфор турнирот во Келн, синоќа, преку големата Барселона, се пласираа во финале во Лигата на шампиони (ЛШ), а попладнево (18 ч.) против ПСЖ ќе атакуваат и на тронот. Едночасовниот судир во „Ланксес арена“ ќе покаже дали „црвено-црните“ ќе бидат само втори дебитанти со престижниот трофеј, по Фленсбург во 2014 година, или парижани ќе бидат само втор француски претставник на кои им успеало тоа по Монпелје во 2003 година.

„Ќе се придржуваме до истиот рецепт како и за полуфиналето. Играта во дефанзива и одбрана на голот“, порачува капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Мотив за успех на колективот пред се, но и личен, е силно вграден и кај Иван Чупиќ. Хрватот пристигна во Скопје како титулар со Кјелце од ланската сезона во ЛШ, сега има шанса за нова радост со македонскиот првак. Алекс Душебаев, пак, освен што сака да се збогува со вардарци на најубав можен начин, ќе се обиде да ја продолжи и семејната успешност во финалните натпревари по минатогодишниот подвиг на Кјелце предводен од неговиот татко, Талант.

„Дваесет часа не е доволно време за одмор и за мирни и нормални подготовки. Затоа ќе мора да се бориме, бориме и бориме“, коментира Лука Циндриќ кој со проектот во последната минута во вчерашното полуфинале ги дигна на нозе вардаровите навивачи во Келн и ја „запали“ целокупната македонска јавност што пулсираше со нив преку малите екрани.

Вардар и ПСЖ се пласираа во денешното финале со победи со гол разлика во полуфиналните среби. „Црвено-црните“ славеа на Барселона со 26:25, Французите беа подобри од Веспрем со 27:26.

Доколку четата на Раул Гонзалез успее да го прегрми и скапиот ривал од Градот на светлината, Македонија ќе биде шестата држава со европски машки ракометен шампион по Шпанија, Германија, Франција, Словенија и Полска. Промоцијата на 13 различен освојувач на натпреварувањето во историјата и шести различен во последните шест години се очекува околу 20 часот.

Досегашни финални мечеви во ракометната Лига на шампион на ЕХФ

2015/16: Кјелце – Веспрем 39:38 по изведување на пенали (29:29 во основните 60 минути, 6:6 во продолженија, 4:3 во ударите од седум метри)

2014/15: Барселона – Веспрем 28:23

2013/14: Фленсбург – Кил 30:28

2012/13: Хамбург – Барселона 30:29

2011/12: Кил – Атлетико Мадрид 26:21

2010/11: Барселона – Сиудад Реал 27:24

2009/10: Кил – Барселона 36:34

2008/09: Сиудад Реал – Кил 67:66 (прв меч 39:34/реванш 33:27)

2007/08: Сиудад Реал – Кил 58:54 (27:29/31:25)

2006/07: Кил – Фленсбург 57:55 (28:28/29:27)

2005/06: Сиудад Реал – Портланд Сан Антонио 62:47 (25:19/37:28)

2004/05: Барселона – Сиудад Реал 56:55 (27:28/29:27)

2003/04: Целје – Фленсбург 62:58 (34:28/28:30)

2002/03: Монпелје – Портланд Сан Антонио 50:46 (19:27/31:19)

2001/02: Магдебург – Веспрем 51:48 (21:23/30:25)

2000/01: Портланд Сан Антонио – Барселона 52:49 (30:24/22:25)

1999/00: Барселона – Кил 54:52 (25:28/29:24)

1998/99: Барселона – Загреб 50:41 (22:22/28:19)

1997/98: Барселона – Загреб 56:40 (28:18/28:22)

1996/97: Барселона – Загреб 61:45 (31:22/30:23)

1995/96: Барселона – Елгоријага Бидасоа 46:38 (23:15/23:23)

1994/95: Елгоријага Бидасоа – Загреб 56:47 (30:20/26:27)

1993/94: ТЕКА Сантандер – Брага 45:43 (22:22/23:21)

Вардар Лига на шампиони Лука Циндриќ ПСЖ. Келн ракомет Стојанче Стоилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.