Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата на Груевски против невладините била хајка

2
By Нова ТВ on March 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 2, 2018 10:38

Сите истраги против граѓанските организации и фондации што претходната влада на Никола Груевски ги започна во 2016 година, а се одвиваа и во голем дел од 2017 година се официјално затворени и проверките покажале дека сите сомнежи се неосновани.

Ова вчера официјално им беше соопштено на претставници на овие невладини директно од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.

Според МВР, „не се обезбедени докази за субјектите кои се предмет на криминалистичката обработка“, за што е известено и Обвинителството.

-Врз основа на тоа, истражните органи до јавното обвинителство доставија предлог за затворање на истрагата, информираа од МВР.

Лани во ноември Владата ги затвори истрагите против невладините организации, што беа отворени на крајот од минатата година по најавата на поранешниот премиерот Никола Груевски дека ќе почне процес на „десоросоизација на општеството“.

На вчерашната средба било истакнато и дека во тек е истрага против тие што го иницирале политичкиот прогон преку злоупотреба на институциите на системот, но засега нема детали.

Веднаш по говорот на Никола Груевски на 17 декември 2016 пред ДИК, тогашната власт започна хајка против 21 невладина организација кои ги етикетираше како „непријатели на власта и на државата“, а како нивен финансиер го посочуваа сопственикот на фондацијата Сорос, Џорџ Сорос.

Со месеци во истрагите беа вклучени и МВР и УЈП, но беа пронајдени никакви докази за сомнително работење или направени прекршоци.

Во јануари 2017 беше формирани граѓанско здружение „Стоп Операција Сорос“, кое ја етикетираше Фондацијата Сорос како „радикална левичарска и тоталитарна“, и дека нејзината цел е „да се избришат идентитети, народи и нации и да се создаде едно  „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор“, што според нив „сериозно ја загрозува безбедноста на Македонија преку своето делување“.

Како негови основачи во медиуите се појавуваа новинарите Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и Никола Србов.

Влада десоросоизација МВР невладини хајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.