Италијанската влада, поради пандемијата на ковид-19, го продолжи траењето на мерките за забрана за излегување до 3 мај. Мерките беа воведени на 10 март и нивното траење беше првично предвидено до понеделник, 13 април.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во телевизиско обраќање до нацијата рече дека одлуката е тешка, но е неопходна и дека за тоа презема „целосна политичка одговорност“. Во спротивно, според Конте, Италија ризикува да пропаднат првите успеси во борбата против Ковид-19.

Од пребрзо олабавување на карантинските мерки предупреди и Светската здравствена организација (СЗО). „Пребрзо олабавување на ограничувањата би можело да доведе до враќање на коронавирусот“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.