Писмото кое новиот собраниски спикер Талат Џафери, го испрати до претседателот Ѓорѓе Иванов, дека е конституирано парламентарно мнозинство, е добиено, информирал Кабинетот на Претседателот, јавува Радио Слободна Европа.
„Кабинетот на Претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на Република Македонија. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе постапи согласно Уставот на Република Македонија и воспоставената практика“, наведуваат од неговиот кабинет како одговор на прашањето дали е пристигнато писмото.
Претходно лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со високи претставници на ОБСЕ потврди дека писмото вчера било испратено до претседателот, а истото го повтори и Џафери, кој во интервју за НОВА од Брисел, изрази верување дека Иванов ќе постапува според Уставот и ќе му го додели мандатот на Зоран Заев да се обиде да формира нова влада.