Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов и Радев иницираат склучување договор за стратешко партнерство

0
By Нова ТВ on February 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2018 14:18

Претседателите на Македонија и на Бугарија, Ѓорге Иванов и Румен Радев, на денешната средба во Скопје се согласиле да иницираат потпишување договор за стратешка соработка меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција по средбата, Иванов рече дека по потпишаниот Договор за добрососедство кој многу ќе придонесе за развој на севкупната билатерална соработка, би било добро Скопје и Софија да склучат и договор за стратешко партнерство, какви што Македонија има со САД и со Турција.

-Мигрантската криза ни покажа дека е потребна соработка и размена на информации во областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето. Затоа ние ќе иницираме потпишување на договор за стратешко партнерство. Разговаравме и за новата стратегија на ЕУ за проширувањето која во голема мера е заслуга и на Бугарија. Реални се можностите за време на бугарското претседавање, Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ и реално е да очекуваме покана за членство во НАТО, на самитот кој ќе биде летоска. Ја поздравувам иницијатавата на Бугарија и демонстрираната заложба како прв сосед директно да ги подржи еврспските и евроатлантските интеграции и да се заблагодарам преку претседателот Радев, на се што досега Бугарија го има сторено за напредок на Македонија во овие евроинтегративни процеси, рече Иванов.

Бугарскиот претседател Радев ја оцени како многу важна иницијативата за склучување договор за стратешко партнерство, додавајќи оти ќе ја пренесе до Владата во Софија.

За Договорот за добрососедство рече дека не треба да остане само мртво слово на хартија, туку да биде незапирлив процес што ќе се унапредува. Бугарија секогаш била еден од најсилните поддржувачи на Македонија за ЕУ и НАТО. Но, има уште многу да се сработи во разни сфери, а Бугарија е подготвена да и помогне во тоа на Македонија, кажа Радев.

Во врска со актуелните преговори меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, бугарскиот претседател рече дека Софија поддржува решение на спорот за името меѓу Скопје и Атина кое нема да вклучува територијални делови од Бугарија и нема да засега трети страни.

– Бугарската позиција е јасна, решението за името во спорот со Грција да не содржи географска одредница која во себе ќе вклучува територијални делови од Република Бугарија, рече Радев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Радев, како што наведе, верува дека ќе биде најдено решение кое е прифатливо и за Македонија и за Грција, но кое нема да засега трети страни.

Иванов рече дека преговорите за проблемот што Грција ги има со уставното име на Република Македонија ќе продолжат во ОН, при што македонската страна ќе се труди да се најде решение кое нема да засега трети страни и да ги инволвира во процесот.

Двајцата претседатели, како што истакнаа на прес-конференцијата, разговарале и за регионалната соработка, инфраструктурното поврзување и економска соработка.

Бугарија договор за стратешко партнерство Иванов Македонија прес Радев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.