Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: СЈО, Заев, ДУИ и демонстрантите се виновни за кризата

0
By Влатко Чаловски on June 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, Специјалното јавно обвинителство во недостиг на време за квалитетни истраги – потрфлило, ја гонело само владејачката ВМРО-ДПМНЕ и предизвикало тензии во општеството со ризик за меѓуграѓански конфликт.

– СЈО е инстистуција од која се очекуваше да ја реши политиката криза, наместо инструмент за правда испадна дека е инструмент за уцена. Селективниот прогон  создаде мачна атмосфера во општеството. Наместо Специјално обвинителство добивме селективно обвинителство. Денес единствениот амнестиран политичар е Зоран Заев, посочи во својот говор претседателот на земјата.

Обвинувањата кон него со донесувањето на аболицијата, вели тој, биле упатени на погрешна адреса, а лидерите на СДСМ и ДУИ ја нарушиле правната држава со тоа што наместо да седнат и да се договорат со сите инволвирани, “трчале“ по амбасадорите на земјите од странство.

Според Иванов, кој вели бил известен од разузнавачки извори, ниту протестите на Шарената револуција не произлегле поради неговите политички решенија туку тие однапред биле испланирани и подготвени, а аболицијата која тој ја донесе само ги забрзала.

Претседателот Иванов во денешното обраќање до јавноста потенцираше и дека дека се што пратениците кажале во Собранието за време на расправата за негов импичмент, ќе останело запишано како сведоштво за односот на пратениците кон сопствената држава и кон сопствените институции.

– Врз основа на тоа сведоштво, идните поколенија ќе знаат низ што се минувала демократијата во Македонија и како оваа генерација политичари ја разбирале и практикувале политиката, напомена Иванов.

аболиција ДУИ Заев Иванов политичка криза протести СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.