Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори без избор немаат никаква смисла

0
By Нова ТВ on May 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако официјално од денеска изборната кампања е почната, избори со една кандидатска листа се спротивни на самиот назив „избори“, па затоа најверојатно тие и ќе се одложат, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски по најавите на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партии за избори на 5. јуни.

-Ништо не исклучувам, можно е да Груевски да се осмели да оди на такви избори, но поверојатно е дека тие ќе се одложат. Доколку се одржат, тоа би довело до сериозни санкции и од меѓународната заедница, па затоа  е потребно притисокот да се засили. Граѓаните јавно да го искажуваат револтот, да се испрати писмо до Груевски, меѓународната заедница, партиите кои ги бојкотираат изборите да ги засилат активностите. Албанскиот блок да не лавира во ставовите и да ја потпише Иницијативата за вонредна седница на Парламентот за одложување на изборите, вели Арсовски.

Иницијативата на Демократскиот сојуз за свикување итна седница за одложување на изборите и постапка за одговорност на Ѓорѓе Иванов за злоупотреба на функцијата, се уште ги нема потребните потписи на 63 пратеници, но таква седница би можела да се случи доколку има волја и кај албанскиот блок.

-Ако ДУИ и ДПА се искрени во своите намери може да стават потпис на Иницијативата за свикување на итна седница и да се обезбедат 63 пратенички потписи.  Ако се соберат потписите за вонредна седница, а спикерот продолжи да извршува партиски интереси, ние можеме да избереме друг заседавач на седницата. Има логично правна смисла, но засега не се собрани потребните потписи на 63 пратеници.

Доколку не се случи тоа, ќе се случи една политичка авантура која ќе ја држи Македонија во хаос. Ќе се етаблира еден авторитарен систем во наредните 4 години и сите негативни процеси ќе бидат забрзани. Сепак сметам дека избори на 5 јуни нема да има, бидејќи ќе се зголеми граѓанскиот притисок, а  претпоставувам ќе се испорачаат и санкции од меѓународната заедница, вели Трајанов.

demokratskisojuz
Павле Трајанов – Демократски Сојуз

Засега нема одговор од ДУИ и ДПА дали ќе ја поддржат Иницијативата, а во меѓувреме ДУИ поднесе Иницијатива и до Уставниот суд  за поништување на Одлуката за самораспуштање на Собранието.

Според Трајанов, ДУИ не може да очекува брза одлука оттаму, доколку се земе в предвид динамиката на работа Уставниот суд.

Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за агенцијата АФП, минатата недела изјави дека без оглед на најавениот бојкот, избори на 5 јуни ќе има.

-Во многу непријатна ситуација сме, вели Груевски во интервјуто, посочувајќи дека ВМРО ДПМНЕ е единствени од четирите големи партии кои ќе учествуваат на изборите, рекол Груевски.

gruj-zaev

Според опозицискиот лидер пак,и зборите закажани за 5 јуни нема да може да се одржат, а тој е уверен дека македонскиот парламент ќе се состане набрзо.

Од партијата Левица пак порачаа дека доколку се одржат на 5. јуни избори, со тоа ќе биде прекршен Уставот на Република Македонија.

– Според Уставот, една од темелните вредности на уставниот поредок се демократски избори. И оној што има најелементарно познавање од правото сфаќа дека најелементарен услов за демократски избори е да има избор помеѓу две опции, а сега тоа не е случај.

Упатуваме јавен повик до пратениците од антирежимските партии да влезат во Собранието и да не го напуштаат Собранието сѐ додека Претседателот на Собранието не свика седница на која ќе биде повлечена одлуката за самораспуштање на Собранието, а со цел да не дојде до прекршување на Уставот. Пратениците земаат плата и во овој период. Нека си ја заработат, се вели во соопштението.

За оваа партија, одењето сами на избори е „хир“, кој ќе го прекрши Уставот и кој ќе ја чини државата 7,5 милиони евра и ја повикуваат ДИК да побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја уплати оваа сума пред да почне да троши пари за организирање на изборите, велат од Левица.

Денеска и Државната изборна комисија ќе расправа дали има основа да продолжи со работа, ако на изборите на 5-ти јуни учествува само една коалиција.

Груевски Дик избори Левица Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.