Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изјавата на Ѓорчев е “безкрупулозен обид” Диме Спасов да стане жртва

0
By Нова ТВ on November 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 5, 2016 16:57

ВМРО-ДПМНЕ денес побара министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку обраќање на Влатко Ѓорчев од Извршниот комитет на оваа партија. Оваа прес конференција на Ѓорчев МВР ја нарече “бескрупулозен обид” Диме Спасов да се претоври во жртва.

Ѓорчев рече дека „Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка поради манипулациите со криминално – полициската местенка. Граѓаните веќе немаат доверба во него. Оливер Спасовски не само што со денови криеше дека заменик министерот Диме Спасов бил нападнат, туку граѓаните се уверија дека лажеше дека имало снимка во која што наводно се потврдувало дека немало напад“.

Оваа снимка според Ѓорчев ја уверила целата јавност дека станува збор за “насилен напад од страна на лица со криминални досиеја кои што на семафор удираа по автомобилот во којшто се превезуваше заменик министерот Спасов” и дека тоа не е “случаен инцидент” бидејќи “насилниците со дебели полициски, криминални досиеа стоеја зад алфите на Оливер Спасовски”.

На ова реагираше и МВР велејќи дека изјавата на Ѓорчев е  “бескрупулозен обид” дополнителниот заменик министер Диме Спасов “од сторител на неколку прекршоци да го претвори во жртва”.

МВР  подвлекува дека во сите фази на постапката институцијата работела со висока “професионалност и непристрасност”.

Во соопштението МВР укажува дека Диме Спасов “со службено возило на Агенцијата за вработување, надвор од работното време во петок на 28 . 10 . 2016 година предизвика собраќајна незгода и на двапати го напушти местото на настанот”, дека “не ги почитуваше наредбите и знаците на униформираните лица  за застанување на возилото”, дека “се оддалечи, односно избега  од  службените  лица, и во  полициската станица Карпош се појави да даде исказ, 24 часа по извршување на делото”, дека “заедно со лицата кои се обидуваа да го заштитат, неколку пати ги менуваа изјавите во врска со настанот”.

Според МВР Спасов ќе биде гонет  поради “напуштање на местото на сообраќајната незгода и неизвестување на МВР и да се врати на местото до доаѓање на полицискиот службеник кој врши увид”, поради тоа што “не постапил по барањата изразени со помош на знаци или по наредба на униформираните полициски службеници” и “не ја приспособил брзината на движење на возилото кон својствата и состојбата на патот”.

МВР потенцира дека законите во Македонија мора да важат подеднакво за сите.

Дополнителниот заменик министер за труд Диме Спасов направи сообраќајка во ноќта помеѓу 28 и 29 октомври. Според СДСМ Спасов бил пијан, користел службено возило надвор од работно време и тоа возило во сопственост на Агенцијата за вработување, по сообраќајката тој избегал од местото на настанот. По сообраќајката Спасов во јавноста се појави со изјава шест дена по настанот. Во изјавата на една телевизија Спасов рече дека е невин и дека бил нападнат од криминалци. За Спасов станува збор за  “класична полициско криминална местенка” за да се наштети на неговиот углед.

 

ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов МВР Оливер Спасовски сообраќајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.