Во гласачкото место 0396/1 во Гостивар за кое Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето поради фалсификуван потпис, гласале 45o лица од вкупно 900 гласачи. Излезноста на ова место била 50 отсто.
Мнозинството гласови во ова избирачко место го добила Демократската унија за интеграција. Кандидатите на ДУИ, освоиле вкупно 107, веднаш зад ДУИ е СДСМ со 102 гласа, потоа ВМРО-ДПНЕ со 74 и БЕСА со 48.
За овој приговор, членовите на ДИК расправаа два дена. Пред Комисијата, два пати сведочеа членовите на избирачкиот одбор, а свој исказ даде и оштетената гласачка Фатиме Сулејмани.
Откако членовите на ДИК не можеа да се договорат дали потписот на Сулејмани е ист како оној што го имало во избирачкиот список, со 6 гласа „за“ и 3 против донесоа одлука за валидноста на потписот да одлучи графичар.
Против оваа одлука беа членовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Срцев и Силвана Бонева, како и независниот член Атанас Урумов.
Политичката партија БЕСА поднесе вкупно осум приговори, а членовите на комисијата прифатија само еден. Исто толку приговори поднесе и СДСМ, но нив не им беше прифатен ниту еден.
БЕСА против одлуките на ДИК нема да поднесе тужби до Управен суд, затоа што смета дека судот е политизиран и нема да има никаква разлика, додека пак од СДСМ најавија четири приговори и апелираа до судиите да не дозволат врз нивната одлука да има некакви притисоци. Откако ќе ги поднесат приговорите, Управен има 48 часа рок да донесе одлука.
Одлуките во судот ќе ги носат пет судии избрани по пат на жрепка.