Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот пратен во Париз: Владата очекува пас од УНЕСКО за Охрид во јуни

0
By Нова ТВ on February 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рокот на УНЕСКО за спроведување на 19-те препораки за заштита на Охридскиот регион заврши на почетокот на месецот, заедно со мониторингот на тројцата експерти на УНЕСКО, кој беше спроведен изминатите денови. Извештајот изработен од надлежните институции, во соработка со Владата, кој го објавуваме во целост веќе е испратен во централата во Париз.

Централната власт засега е задоволна од тоа како тече реализацијата на препораките, локалната е свесна за слабостите, а екологистите сметаат дека ситуацијата на теренот не е променета и за да се реши проблемот со Охридскиот регион потребно е тој да биде ставен на листата на УНЕСКО за светско наследство во опасност. Само со таков „црвен картон“, според нив, би можело да се крене свеста кај надлежните за она што навистина му се случува на регионот. Министерот без ресор, Едмонд Адеми, кој е претседател на Националната комисија за УНЕСКО, во изјава за Нова ТВ, вели дека списокот со остварени препораки е доволен за овој регион да го задржи статусот, за што УНЕСКО ќе одлучува во јуни на Самитот во Кина.

Рушењето на дивоградбите долж езерото останува сериозен проблем за Охрид. И за тоа е свесен и Адеми.

„Проблемот со дивоградбите е најсензитивен. Практично тој е и највидлив со голо око. Но, сепак, станува збор за покомплексна задача составена од повеќе компоненти која треба на подолг рок да ја реализираме. Со комплетирањето на инвентарот на бесправно изградени објекти и усвојувањето на планот за управување, остварени се предусловите да се премине на изработка на оценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и оценка на влијание на културното наследство (ХИА). Со оцените за влијанието врз животната средина и врз културното наследство ќе се проценат идните активности што треба да се преземат со бесправно изградените градби. Врз основа на наодите објектите за кои ќе биде утврдено дека се потенцијална опасност по средината ќе треба да се отстранат. Ние сме сега во стадиум на отпочнување на тој проект и за тоа е известен УНЕСКО“, вели Адеми.

Тој нагласува дека во контекст на проблемот со градбите мора да се имаат предвид и судските процеси што се водат (барања за легализација, одбивања, жалби, итн.), а кои, исто така го отежнува проблемот. Ако сакате да биде правна држава не може, вели, да постапувате без судска одлука. Во спротивно, додава, ќе плаќате дебели пенали, како што во последните две и пол години се плаќа не само за дивоградби туку и по разни други основи. Во тој дел, појаснува Адеми, нема конкретно поставени рокови од УНЕСКО.

„Проблемот е поврзан со нашиот законодавен систем и тие во тоа не се мешаа“, вели Адеми.

Паралелно со процесот на изработка на инвентарот, општина Охрид го започна процесот на отстранување на објекти кој, согласно националната законска регулатива, нема можност за легализација, односно претставуваат нелегална узурпација на државно земјиште. И тука нема пардон. На сцена треба да стапат, вели Адеми, Општината и Државниот инспекторат.

Во јули 2019 година, пак, Владата донесе одлука со која ги насочи општините Охрид, Струга и Дебрца да донесат времен прекин на издавање на дозволи за градба и легализација на бесправно изградени објекти. Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, во изјава за медиумите деновиве рече дека секојдневно се соочуваат со отпор како од населението така и од правните лавиринти и најави дека потребна е поголема координација помеѓу надлежните институции и динамичен план за справување со овој проблем наталожен години наназад.

„Јас знам дека во јавноста акцијата се доживува како, да речам „млака“, само со отстранување на неколку платформи, меѓутоа во услови кога за 15 години не е отстранет ниту еден клинец во градот, секој си поставувал шанкови, куќи по своја сопствена желба, многу е тешко да наеднаш да се справиме со тој проблем“, изјави неодамна Георгиески.

Од невладините организации, пак, рекоа дека според нивните информации имало речиси 700 решенија за отстранување на дивоградбите, само за територијата на Општина Охрид.

„За Општина Струга немаме информација за издадени решенија за уривање. А за Општина Дебрца не ни има регистар на бесправно изградени објекти. Колку што ние имаме информации досега – ниедно од решенијата не е спроведено, ниедна дивоградба не е целосно отстранета. Сè уште стои дури и онаа бесправно изградена куќа на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид што ги полнеше страниците на медиумите и се најавуваше со зурли и тапани како почеток на акцијата за рушење на дивоградбите. Не само што стои, туку веќе има и покривна конструкција што ја немаше до средината на минатиот месец. Сe што беше отстрането во претставата за јавност е санирано, ставени се ПВЦ-прозорци и врати“, рече во интервјуто за порталот Факултети, Драгана Велковска, активистка од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“, според која преместување на листата со светско наследство во опасност регионот конечно ќе ја добие помошта што му е очајно потребна.

Планот за отстранување на бесправно изградените објекти на плажите на кои им се истечени договорите за концесија наиде на меѓусебни обвинувања помеѓу советниците од власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ на став дека советот не е надлежен да носи вакви одлуки, од СДСМ рекоа дека целта на планот е да се стави ред во незаконското искористување на крајбрежниот простор.

Фото: uil.unesco.org

Кога и дали ќе им се стави крај на дивоградбите останува да се види, но она што засега го издвојува Адеми како исклучително позитивно во реализација на препораките од УНЕСКО е отпочнувањето со санација на клучните критични точки на колекторскиот систем по цели 30 години, укинувањето на ски-центарот во Галичица, патот А3 од Охрид до Свети Наум, како и формирањето на комитетот со Албанија за заедничко управување со Охридското езеро. За извршување на работите за колекторскиот систем, во државниот буџет за 2020 година се одвоени вкупно 150 милиони денари, односно 2,4 милиони евра. Односно, за периодот октомври 2019 – декември 2020, државата буџетира 4.2 милиони евра за колекторскиот систем на Охридското езеро.

Во Извештајот, кој е испратен до УНЕСКО, стои и дека во периодот од 6 месеци, планирано е да се санираат најмалку 20 полжни пумпи, а истовремено ќе се врши и санација на препумпните станици, како би постигнале подобар проток на фекалиите низ цевководот до пречистителната станица каде ќе се извршува соодветен третман на истата и прочистена ќе се испушти во водите на реката Црн Дрим.

„Во исто време планирано е да се прочистат главните артерии на секундарната канализација на градовите Охрид и Струга. Дополнително, во соработка со локалната самоуправа на град Охрид, интензивно се работи на изнаоѓање на решение за изработка на засебни пречистителни станици за селата Трпејца и Љубаништа, а во соработка со локалната самоуправа на град Струга во план е продолжување на колекторскиот цевковод за прифаќање на отпадните води од село Радожда“, стои во Извештајот.

Се спроведува и проект во соработка со УНДП, финансиран од Европската Унија, преку кој се поддржа изработка на концептно решение за враќање на реката Сатеска во коритото на Црн Дрим што ќе биде финализирано до крајот на јануари 2020 година.

„Сатеска е еден од поголемите загадувачи на езерото. Да ја вратиш реката во стариот тек не едноставен процес“, вели Адеми.

Владата во Извештајот посочува и на идејата за железничко поврзување со Албанија, така што нема да му се наштети на езерото. За таа цел формирана е државна работна група, која заедно со УНЕСКО и албанските институции, ќе работи на изнаоѓање прифатливо решение. УНЕСКО во 2017 година препорача да се земе предвид изведба на алтернативна траса од Струга до Прењас, наместо постојната варијанта за изградба на пруга од Струга до Лин.

Адеми Влада Извештај Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.