Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршниот директор на Росњефт: Рекордната цена на гасот е ризик за економското закрепнување на Европа

0
By Sashko on October 28, 2021 СВЕТ
Фото: rferl.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рекордните цени на гасот го загрозуваат економското закрепнување на Европа, изјави денеска извршниот директор на руската нафтена компанија „Росњефт“, Игор Сечин.

Ваквото ниво на цените, секако, го загрозува закрепнувањето на европската економија. Рекордните цени станаа показател за шокот што го доживеа Европа, нагласи Сечин на 14. Евроазиски економски форум во Верона.

Тој на сесијата „Структурни промени во економијата и иднината на енергетиката“, одржана во рамки на форумот, рече дека ограничените можности за производство на електрична енергија со помош на алтернативни извори доведоа до рекордни цени на природниот гас. Според него, долгорочните договори обезбедуваат одредена стабилност на пазарот на гас, но не гарантираат негова целосна стабилност.

Тој смета дека Русија и Европа треба да ги зајакнат мостовите на пријателство и меѓусебно разбирање и покрај политизирањето на енергетските прашања.

И покрај фактот што сега сме сведоци на политизација на енергетските прашања, Русија останува најважниот и најсигурен снабдувач на гас за Европа и ние не само што мораме да ги одржуваме, туку и да ги зајакнеме мостовите на пријателство и меѓусебно разбирање“, рече Сечин и додаде дека разни фактори ја предизвикале гасната криза во Европа, а Русија само помага да се реши тоа.

Според него, гасната криза може да зголеми побарувачка за нафта за милион барели дневно што дополнително би ги зголемило цените на тој енергенс.

„Росњефт“ гас Европа ризик Русија Свет цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.