Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева: Се доцни со законите за укажувачите и за заштита на сведоци

3
By Нова ТВ on March 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска го објави петтиот шестмесечен извештај за работата на СЈО, кој се однесува на периодот од 15 септември 2017 до денеска, односно 15 март 2018 година.

Во извештајот како еден од проблемите што ги нотира Јанева е доцнењето со донесувањето на Законите за укажувачите и за заштита на сведоци.

„…Потребно е да истакнам дека и покрај фактот што во четвртиот извештај беше констатиран напредок од аспект на превземените напори за вклучување на ова јавно обвинителство во работата на работните групи формирани од страна на Министерството за правда задолжени за подготовка на Предлог текстови на законите во насока на имплементирање на препораките на Венецијанската комисија и тоа во Законот за заштита на укажувачи и Законот за заштита на приватноста, како и донесување на измените на Законот за заштита на сведоци, и покрај нашиот активен придонес и учество, од страна на Собранието на Република Македонија наведените законски решенија сеуште не се донесени“, се наведува во извештајот на Јанева.

Јанева, меѓудругото информира дека во овој шестемесечен период СЈО ја презело надлежноста за предистражните предмети од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за случаите „Скопје 2014“, за „Актор“, случајот за објектот „Космос“, за Пописот на населението во 2011 година.

„Во текот на извештајниот период заведени се 136 нови предистражни предмети. Од нив 23 предмети се формирани по сопствена иницијатива, а 113 предмети се формирани врз основа на пријави од други подносители. Вклучувајќи ги претходно отворените 99 активни предистражни постапки во ова Јавно обвинителство во моментот се во работа вкупно 235 предистражни постапки“, стои во извештајот.

Во него Јанева информира и дека СЈО досега успеало да ја анализира содржината на 85 отсто од вкупно 606.555 аудио-фајлови со кои располага ова обвинителство. Притоа се изработени 1.784 транскрипти каде што врз основа на преслушаните разговори постои индикација за сторено кривично дело.

„Ова Јавно обвинителство исто така е во процес на анализирање на повеќе од 100.000 аудио фајлови кои се прибавени при спроведени претреси кај неколку лица и во тек е утврдување дали и во колкав број овие аудио фајлови претставуваат предмет на незаконското следење на комуникациите“, стои во извештајот.

Како резултат на поднесените и прифатени обвиненија, од кои за најголем дел се водат судски процеси, Јанева во извештајот ги наведува и 11-те судски пресуди против обвинети во четири случаи, односно во Таргет/Тврдина, за насилствата во општина центар, Тврдина 2 и во случајот Тифани.

 

 

Закон за заштита на сведоци Закон за укажувачи Извештај Катица Јанева предистражни постапки пресуди СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.