Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јапонија: Преживеан од бомбардирањето на Хирошима почина на 96 години

0
By Sashko on October 27, 2021 СВЕТ
Фото: geo.fr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 27, 2021 11:41

Сунао Цубои, кој ја преживеа американската атомска бомба врз Хирошима и подоцна стана истакнат активист за нуклеарно разоружување, а оствари и средба со Барак Обама во 2016 година, почина на 96-годишна возраст. Веста ја соопштија од групата на заштитници на човекови права чиј член беше и тој.

Во 1945 година, кога САД го извршија првиот напад со нуклеарна бомба, Цубои, тогаш во своите рани 20-ти, бил на пат кон инженерското училиште.

Имав изгореници по целото тело. Гол, на 6 август се обидував да бегам околу три часа, но на крајот не можев веќе ни да одам, изјави тој во 2016 година.

Потоа, тој зел мал камен и напишал „Овде почива Цубои“ на земјата пред да изгуби свест. Се разбудил неколку седмици потоа, но подоцна во животот развил рак и други болести. Како борец, стана истакнат бранител на преживеаните од атомската бомба и цел живот водел кампања за свет без нуклеарно оружје.

Можам да издржам тешкотии во име на човечката среќа. Можеби ќе умрам утре, но оптимист сум. Никогаш нема да се откажам. Ние сакаме нула количина нуклеарно оружје, велеше тој.

„Цубои почина во саботата од анемија“, изјави вработен во „Нихон Хиданкијо“, група која ги претставува преживеаните од атомските бомбардирања во Хирошима и Нагасаки, каде Цубои беше еден од водачите.

Според Министерството за здравство, во Јапонија сѐ уште има 127.755 преживеани лица од двата напади, со просечна возраст од 84 години.

Околу 140.000 луѓе загинаа во бомбардирањето на Хирошима, вклучително и оние кои ја преживеаја експлозијата, но починаа набргу потоа од изложеност на радијацијата. Три дена подоцна, САД фрлија плутониумска бомба врз пристанишниот град Нагасаки, при што загинаа околу 74.000 луѓе и заврши Втората светска војна.

атомска бомба Јапонија Нагасаки преживеани САД Свет Хирошима
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.