Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јермак: Путин сака да ја замрзне војната, а не да ја заврши

0
By Zoran Ivanov on April 30, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 30, 2025 18:11

Русија не бара мир, туку има намера да ја замрзне војната за да продолжи со агресијата во иднина, напиша шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак во авторски текст за весникот „Гардијан“.

Путин денеска се обложува на заморот на Западот. Тој сака да ја замрзне војната – а не да ја заврши. И затоа секое примирје без гаранции и правда само ќе отвори врата за нова агресија. Олеснувањето на санкциите, отстапките или преговорите според условите на Кремљ се стапица. Не можете истовремено да зборувате за мир и да се вооружувате за нов напад, напиша Јермак, пренесува Укринформ.

Тој нагласи дека Путин не бара мир, туку одложување.

Според Јермак, повиците за прекин на огнот сега се исклучително корисни за Кремљ.

Москва не ги промени своите цели. Напротив, Руската Федерација ги користи дипломатските преговори за да купи време, да се прегрупира, да ги заобиколи санкциите и да ја продолжи војната во време што ќе го избере, нагласи тој.

Блискиот соработник на украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека единствениот пат кон мирот е да се поразат империјалните амбиции на Русија, а не да се легитимираат преку уште едно „привремено примирје“.

Пред два дена, рускиот претседател Владимир Путин објави примирје за периодот од 8 до 10 мај, кога Русија ќе ја прослави победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нема потреба да се чека на 8 мај за да се заврши непријателството, бидејќи тоа може да се случи веднаш.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака траен прекин на огнот во Украина за да се запре крвопролевањето, потсетува Укринформ.

војна замрзне Јермак Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.