Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовановиќ: Победата на Трамп негативно ќе се одрази врз македонската економија

0
By Marija Todorovska on November 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 11, 2024 10:19

ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ. 

Билјана Анастасова-Костиќ / Медиумска информативна агенција

Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии.

Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на сите производи што се увезуваат во Америка, и тоа 60 проценти за Кина и 20 проценти за останатите држави, ќе доведе до „трговска војна“, односно ќе ги натера и другите земји да воведат царини за Америка што ќе ја намали глобалната трговија.

– ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ.

САД и се заканија на Европската унија со царини на голем број производи, вклучително и пиво, чоколадо и маслинки, во долготрајниот спор околу субвенциите за производителот на авиони „Ербас“.

Другиот главен канал преку кој Трамп ќе влијае на глобалната економија, според Јовановиќ, е неизвесноста што тој ја носи на геополитички план, односно не се знае дали ќе ја поддржи Украина, дали ќе излезе од НАТО, дали ќе прави тензии со Кина што неминовно ќе влијае и на глобалната економија.

– Единствената сигурна работа со него е дека ќе биде несигурно. Не знаете дали ќе ја поддржува Украина, не знаете дали ќе излезе од НАТО, не знаете дали ќе ги уценува европските држави да купуваат повеќе оружје од Америка за да остане Америка во НАТО, не знаете дали ќе почне војна со Иран, не знаете дали ќе прави тензии со Кина… Светот и до сега не беше многу извесно место, ама сега може да се претвори во тотален хаос. Тоа неминовно ќе влијае и на економските движења, пред сѐ на инвестициите, затоа што инвеститорите сакаат сигурност, сакаат да знаат што ќе се случува, нагласува Јовановиќ.

 Од осми февруари Вашингтон ќе ја прошири листата на царини врз челикот и алуминиумот за да вклучи деривати како шајки, метални кабли, шноли и слично, јавува Агенција Европа.

Ветувањето на Трамп дека ќе протера 10 милиони доселеници од Америка, доколку се реализира, според Јовановиќ, не само што ќе се одрази врз американската економија, туку ќе го погоди и европскиот континент.

– Ако навистина почне со тоа, не само што може да настане хаос таму, туку и државата ќе остане без работници, што негативно ќе се одрази на нивната економија. Се очекува истото да почне да се случува и во Европа, каде екстремната десница дополнително ќе зајакне, што силно ќе го погоди стариот континент, кој е уште позависен од имигранти отколку Америка, појаснува Јовановиќ за МИА.

економија Јовановиќ НАТО Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.