Според Сеул, Северна Кореја има доволно плутониум за производство на десет нуклеарни бомби.

Реакцијата доаѓа десетина дена откако Пјонгјанг предупреди дека ќе изврши тестирање со интерконтинентална ракета.

Во 2016 Ким Јонг Ун спроведе две нуклеарни тестирања и неколку десетици ракетни лансирања, а се закани и со испраќање на нуклеарна бомба на американската континентална територија.

Кина и Јужна Кореја веднаш по заканите на Пјонгјанг предупредија дека Ким Јонг Ун ќе се соочи со нови и поостри санкции од страна на Советот за безбедност при ОН, доколку помислат да направат тестирања.

Јужнокорејското министерство за одбрана денес објави дека Северна Кореја на крајот на 2016 поседувала најверојатно 50 килограми плутониум кој може да се користи за бомби, количество доволно за изработка на 10 нуклеарни боеви глави. Пред осум години Пјонгјанг располагал со 40 килограми.