Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Какви податоци зема СЈО од тајната полиција

0
By Нова ТВ on October 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 21, 2016 18:05

По 48 часа минати во досега неосвоената тврдина – Управата за безбедност и контраразузнавање, тимот на СЈО успеа да одземе дел од прислушуваните материјали со кои во средата влезе со судски налог.

Веднаш по заминувањето од УБК, Специјалното јавно обвинителство излезе со соопштение.

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“.

За останатите податоци кои во следните денови очекуваат дека ќе ги обезбедат, пристап треба да им овозможи претставник на фирмата „Ериксон“, чиј што уред исто така е дел од системот за следење на комуникациите во УБК.

Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и контраразузнавање пред два дена влезе со судски налог во потрага по клучните докази кои ќе одговорат на прашањата кој и како прислушувал во Македонија и кој бил прислушуван. Специјалната обвинителка Катица Јанева од УБК побара преземање на документацијата за решенијата за посебни истражни мерки во периодот од 2008 до 2015 година и листинзи на телефонски броеви што биле следени од УБК во тој период.

СЈО отвори три истраги поврзани со следењето на комуникации. Првата е случајот Тврдина и се однесува на уништување на систем за прислушување. Во овој предмет осомничени се двајца началници од УБК, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Вториот предмет е обвинението против седум лица за уништување и фалсификување на документација поврзана со неовластеното прислушување, а првообвинет е поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски.

А, најновата пред истражна постапка е со цел да се утврди кој прислушувал и како. Токму затоа на СЈО му беа потребни книгите за евиденција и компјутерските податоци, бидејќи процедурите за ПИМ мерките го кријат клучот за злоупотребата на опремата за прислушување во Управата за разузнавање и контраразузнавање.

Катица Јанева прислушување СЈО УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.