Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каматите на кредитите “долги“ како нов автопат, секоја година

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 10:08

Владата обезбеди евтин извор на пари со кои ќе ја крепи буџетската ликвидност, но во исто време, според дел од економистите, новото задолжување од 500 милиони евра преку Еврообврзница  е  тест за домаќинското работење и менаџирање со јавните пари. Дел од експертите сметаат дека сега клучни прашања ќе бидат како и за што ќе се трошат парите,пишува економската анализа на Portalb.mk.

Предвремената отплата на една третина од Еврообврзницата земена во 2015 година се оценува како позитивен чекор.

Еврообврзница – меч со две острици …

Во моментов, според задолжување преку Еврообврзници, Македонија должи 1,6 милијарди евра. Целосно се исплатени две Еврообврзници, онаа од 2005 та година во износ од 150 милиони евра и онаа од 2009 та година во вредност од 175 милиони евра. Очекувано беше Владата да издаден нова, шеста по ред еврообврзница, најавена уште со Буџетот за 2018 година, коментираат економистите, но сметаат дека клучно прашање сега е за што ќе се троши половина милијарди евра.

“Прва добра позитивна страна е што Еврообврзницата е со ниска цена на трошок. Добро е и оправдано тоа што стар кредит со повисока камата, односно една третина од Еврообврзницата во 2015 година, предвреме ќе се раздолжи со задолжување со пониска камата, со што ќе се направи и заштеда по основ на трошоци за камати. Познато е дека околу 100 милиони евра ќе се потрошат за оваа намена, уште 100 милиони евра за  исплата на прва досепана рата од друг кредит, уште 150 милиони евра ќе завршат за финансирање на буџетски дефицит. Остануваат уште 150 милиони евра, кои Владата би требало да ги чува, како  логистика за ликвидност, односно како резерви“ – вели за “Поратлб“, универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски.

Новиот заем внимателно ќе се менаџира и троши, Македонија постигна успех со историски најниска камата за еврообврзница, а фактот дека интересот беше седум пати поголем од понудата, говори дека земјава влегува во стабилна политичко-економска зона, смета министерот за финансии Драган Тевдовски.

“Парите од обврзницата нема да се користат за споменици и за жални врби, туку ќе се користат главно за покривање на буџетскиот дефицит. Ќе се користат за повисоки плати и инвестиции во образование и здравство, за поддршка на домашните и странските претпријатија, за зголемување на средства во одбраната, заради прилближување до НАТО стандардите, и за капитални инвестиции“ – изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Министерот  посочи и дека со дупло пониската каматна стапка за оваа еврообврзница, во споредба со претходната,  државата заштедила по камати во вкупен износ од околу 90,6 милиони евра.

“Со оглед на тоа што со еврообврзницата враќаме речиси 200 милиони евра претходно наталожени долгови, нето задолжувањето со оваа еврообврзница изнесува околу 300 милиони евра. Особено сакам да му се заблагодарам на Гувернерот на НБРМ Димитар Богов, со кого заедно пред меѓународните инвеститори ги претставувавме перспективите на македонската економија“ – вели Тевдовски.

Сепак, дел од економистите велат дека е потребна зголемена внимателност за менаџирање на задолжувањата.

“Не е важен трошокот на заемот, туку намената. Клучно прашање е за што ќе се трошат парите, за повисоки пензии, за лепачи на плакати, за партиска војска во администрација? Само да потенцирам дека во моментов само по основ на затезни камати Македонија исплаќа по еден автопат од 60 до 70 километри годишно, и тоа ако зборуваме за задолжувања на централно ниво, без вклучени заеми на јавни претпријатија и на општини, што секако и тие се дел од државата, односно државниот апарат. Од ова што сега го знаеме, 180 милиони евра завршуваат за отплата на долгови, што ќе се прави и како ќе се потрошат останатите 320 милиони евра е клучното прашање“ – вели за “Порталб“ економистот и прв човек на Асоцијацијата на менаџери, Зоран Витанов.

Од Институтот за економски истражувања и политики “Finance think“  сметаат дека износот на задолжувањето е во рамки на годинешните буџетски потреби и заедно со депозитите на Владата во НБРМ во износ од 360 милиони евра се  обезбедува вкупна буџетска ликвидност од задолжувања во износ од 860 милиони евра, што треба да овозможи финансирање и по 2018, под претпоставка дека проектираниот буџетски дефицит нема да се пробие. Постигнатата камата за Еврообврзницата се оценува како поволна, а потегот за предвремна отплата на поскапо задолжување како коректен потег.  Од економскиот институт забележуваат на отстуство на јавна дебата и бараат одговрои за намената на заемот.

“Finance Think остро се спротивставува на понатамошното користење на флоскулата „средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби“. Разбирливо е дека во техничка смисла, овие средства ќе се слеат во буџетот и ќе се користат за намирување на обврските како што тие доаѓаат. Но, во концептуална смисла, граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари, и особено парите од високи задолжувања како ова. По одбивањето на износот што ќе се искористи за враќање стар долг, Владата мора јасно да комуницира со јавноста за што ќе се потрошат преостанатите пари. Тоа е поврзано со итната потреба да се отвори широка општествена дебата за капиталните инвестиции, нивната приоритизација и пресметка на корисноста за економијата“ – велат од  Институтот за економски истражувања и политики.

Според последните расположливи  податоци од Министерството за финансии, на крајот на септември минатата година јавниот долг на Македонија изнесува 4.69 милијарди евра или 45.8% од Бруто домашниот производ.

анализа камати кредити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.