Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каракачанов: Бугарија нема проблем ни со интегритетот ни со името

0
By Нова ТВ on September 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 18, 2017 12:49

Бугарија  го поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Македонија и е подготвена да помогне во решавањето на спорот за името со Грција, порача денеска бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов по средбата во Скопје со неговата македонска колешка Радмила Шеќеринска.

– Ова сакам децидно да го потенцирам со цел да ги прекинам политичките шпекулации – ги поддржуваме државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија. Немаме проблем со името на РМ, ја признаваме земјата под уставно име. Подготвени сме да помогнеме во решавање на спорот со други земји со цел конечно да се отворат вратите на Македонија за полноправно членство во НАТО, нагласи Каракачанов.

Одговарајќи на новинарско прашање за изјавите на некои експертти во Бугарија кои порачувале дека Македонија во преговорите со Грција треба да внимава какво име ќе избере Каракачанов порача дека проблем во однос на името меѓу двете земји не постои и оти тоа е проблем со трети земји.

Во врска со ставовите за македонското малцинство во Бугарија и дали ќе има промени на идеологијата по потпишувањето на договорот на 1 август тој рече дека станува збор за многу долга тема.

– Отсекогаш сум сметал дека не треба да се измислуваат проблеми онаму каде што нема, таков проблем во Бугарија нема. Тука сум во улога на министер за одбрана. Ако сакате да водиме историски разговори ќе зборувам во улога на историчар. Вакви теми не се во корист за добрите односи меѓу двете земји, изјави бугарскиот министер за одбрана.

Каракачанов и Шеќеринска потенцираа дека денешната средба меѓу другото е одржана за да се покаже билатералниот договор што го потпишале двете земји нема да остане само на зборови.

– Тој договор и она што се случуваше по потпишувањето покажува дека двете држави се свесни дека само преку добрососедството нашиот регион може да оди напред и да ја гарантираме нашата заедничка безбедност, рече Шеќеринска.

Договор името Красимир Каракачанов МО Радмила Шеќеринска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.