Штефан Лихтштајнер би можел да замине од Торино во зимскиот преоден рок. Интерес за 32 годишниот Швајцарец од екипата на Јувентус пројави Барселона во која сметаат дека би бил идеално решение во одбраната, пишува „Газета дело Спорт“.
Алеикс Видал не го испорача очекуваниот ефект, па челниците на каталонсиот клуб изразуваат подготвеност да го продадат, а под ниво игра и Серхио Роберто што причина на „Камп Ноу“ да се размислува за нов офанзивен дефанзивец.
Договорот на Лихтштајнер со Јувентус истекува на крајот на оваа сезона. Токму тоа е адут во Барселона дека раководството на „старата дама“ ќе изрази волја да го продаде швајцарскиот репрезентативец бидејќи, во спротивно, во Торино би останале без обесштетување на лето.
Лихтштајнер е истиснат од првиот тим на Јувентус во оваа сезона по доаѓањето на Дани Алвеш. Го нема ниту во списокот со пријавени фудбалери за настапите во Лигата на шампиони. Имајќи го предвид ова, не треба да изненади ако дојде до разделба меѓу него и актуелниот италијански првак веќе во јануари.