Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Казандол нема да се гради – Владата го раскина договорот

0
By Нова ТВ on March 27, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција соопшти дека е донесена одлука за едностран раскин на договорот за изградба на рудник во Казандол и најавид ека одлуката стапува на сила следниот ден откако же биде објавена во Службен весник.

раскинувањето на договорот според Заев е во согласност со Законот за концесија и јавно приватно партнерство, а причината е што концесионерот Друштвото за експлоатација преработка и производство „Сардич МЦ“ ДОЕЛ увоз – извоз Скопје не ја исполнил обврската од Договорот, во рок од две години од денот на доделувањето на концесијата за експлоатација не изградил постројка за експлоатација на катоден бакар со капцитет да процесира најмалку 50 проценти од екслоатирана руда.

Заев истакна дека предвидениот рок е суштинска состојка на договорот, бидејќи е даден како услов во јавниот повик и тендерската постапка и претставува сериозно прекршување.

Во врска со најавите на концесионерот дека же поведе постапка пред Меѓународната арбитража за решавање на инвестициски спорови во Вашингтон и ќе бара оштета од 380 милиони евра од државата Заев рече ова е услов кој бил посебен и наведен во огласот на конкурсот за самата концесија.

-Ако не постоел тој услов можеле да се јават и други концесионери. Ваквите посебни услови се прекшување на договорот. Ако Македонија не го раскине договорот може да биде тужена од некој потенијален концесионер. Тоа што сака да го направи компанијата е нејзино право и ние сето тоа го разгледавме.

-Здравјето на граѓаните е пред секој приватен интерес. Оваа порака што денеска ја испраќаме до граѓаните на Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија и до сите граѓаните на Македонија, рече Заев.

Протести и референдуми

Жителите на повеќе градови во југоистокот со месеци протестираа и предупредуваа на опасноста од отворањето на овие како што ги нарекуваат „рудници на смртта“. Се одржаа и референдуми во гевгелија, Богданци, Валандово, Дојран…, а премиерот Заев, и за време на изборната кампања, но и потоа изјавуваше дека „Македонија не сака да биде земја без рудници, но дека здравјето на граѓаните е на прво место“.

Оттогаш, активистите, повеќепати објавуваа фотографии на социјалните мрежи на кои, како што тврдеа, се гледа дека забрзано се работи на изградба на рудникот Казандол и бараа од Владата да го запре тоа, предупредувајќи дека се загадува почвата.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) тогаш соопшти дека на 3 октомври извршил вонреден надзор во рударскиот комплекс Казандол во Валандово, но притоа не е регистрирано надминување на загадувањето според она што го пропишува законот, освен во почвата, но за тоа, како што велат од Инспекторатот, се уште не постојат закон и правилници.

Министерот за економија пак, одговарајќи на новинарски прашања за концесијата на Казандол повеќепати говореше дека таа е завршена, но одбиваше да го објави договорот во јавност.

Концесионер на рудникот за бакар и бакарни производи во Казандол е компанијата Сардич МЦ. Основач на „Сардич МЦ“ е акционерското друштво „Коппер Инвестмент“. За оваа инвестиција Груевски зборува уште на почетокот на 2013 година. Инвестицијата прво ја нарекуваше „англиска“, продолжи со „англиско-украинска“ за конечно да стаса до само „украинска“. Во реалноста – со удели на македонските големостопанственици и политичари од двете држави. Дозволата за експлоатација на минерални суровини беше доделена на  20 јули 2015 година

Шест нешта за рудникот во Казандол за кои сите мора да знаеме

Влада Договор Казандол раскинат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.