Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив Индепендент: Русија и помага на Кина во подготовките за инвазија врз Тајван

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 27, 2025 11:00

„Кијив индепендент“ објави дека Русија наводно се согласила да помогне во обука и опремување на кинеско воздухопловно-десантниот баталјон за евентуална инвазија врз Тајван во 2027 година.

Весникот се повикува на протечените документи објавени на платформата Икс, од хакерската група „Црна месечина“ (Black Moon).

Врз основа на документи добиени од хакерската група „Црна месечина“, експерти од Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии обезбедија фактичка анализа и прогноза за заканата што ја претставува руско-кинескиот проект, чија цел е подготовка на воздушен напад од страна на кинеската армија врз Тајван во 2027 година, објави „Киев индепендент“.

Британскиот тинк тенк наведува дека Кина сè уште нема капацитети за воздушно маневрирање неопходни за инвазија врз Тајван, но Русија уште во 2023 година се согласила да ѝ обезбеди на кинеската армија оружје потребно за опремување на воздухопловно-десантниот баталјон, како и технологија за зголемување на домашното производство.

Во договорите објавени од хакерите, Русија на Кина ќе и обезбеди 37 лесни амфибиски јуришни возила со автоматски топови, 11 лесни амфибиски противтенковски самоодни топови, 11 воздушно-оклопни транспортери и неодреден број на командни и набљудувачки возила.

И „Вашингтон пост“ коментирајќи го протечените документи наведува дека „иако кинеската армија се смета за понапредна од руската во некои сегменти, Кремљ има воздушно-десантно борбено искуство, што му недостасува на Пекинг“.

Поради се поголемата изолација од Западот по целосната инвазија врз Украина, Русија се сврте кон Кина како клучен трговски партнер, што доведе и до зголемена воена соработка, посочува „Вашингтон пост“.

Американскиот весник цитира и неименуван тајвански безбедносен претставник: „Воената соработка помеѓу Кина и Русија оди многу подалеку од она што е јавно признаено“.

Иако Кина официјално тврди дека е неутрална во војната на Русија против Украина, таа индиректно ја поддржува Москва преку континуирана трговија и снабдување со стоки со двојна намена.

 

Кина помага Русија Тајван
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.